Алегри: Спалети и Наполи се најдобри

Масимилијано Алегри инсистира дека Наполи е најдобриот тим во Серија А и никој не е толку добар како Лучано Спалети кога станува збор за предавање фудбал. Откри и дека во тренерскиот занает завршил сосема случајно.

Јувентус утре вечер гостува кај Наполи на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во можеби клучниот натпревар на сезоната во Серија А. „Партенопеите“ се лидери во Калчото со 7 бодови предност пред „Бјанконерите“ и Милан и имаат само еден пораз во досегашниот тек од сезоната, оној од Интер пред недела дена.

„Тимот се чувствува добро, работевме три дена и сме сосема фит, да видиме што можеме да направиме. “, рече Алегри на денешната прес-конференција по повод утрешното дерби.

„Во фудбалот има правило“, продолжи Алегри. „Она што го правиш во игра, не значи ништо наредниот ден“.

„Треба да останеме на земја и да работиме напорно. Има многу работи што треба да ги подобриме за да ја достигнеме нашата цел, а тоа е пласман во Лигата на шампионите“.

„Треба да одиграме технички добро, играме против најдобриот тим во лигата, тоа го кажува табелата. Ќе биде убав натпревар, мора да имаме ентузијазам“.

„Наполи е фаворит за освојување на титулата, има 44 бода и само еднаш загуби. Тие се технички силни и многу добро тренирани. Лучано (Спалети, заб. на прев.) е најдобар кога станува збор за тренирање и предавање и тоа го докажува во Наполи“.

„Многу го почитувам Спалети, тој е толку смешен што понекогаш се судираме како минатата сезона. И јас сум тренер, но оваа работа ја работам случајно, требаше да работам нешто друго. Лучано е толку, толку добар, тој е најдобар кога станува збор за предавање фудбал“.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе