СЕРИЈА А 2022/2023

Алегри: Во Јуве чувствуваме како да ни одзедоа нешто што сме постигнале

Предводникот на „Старата дама“ ги пофали играчите за синоќешниот натпревар против Аталанта, но повторно се осврна и на одземените 15 бодови.

Јувентус синоќа одигра возбудлив натпревар со Аталанта полн со пресврти и голови, а на крајот двата тима ги поделија бодовите играјќи 3:3.

„Момците одиграа добро против една талентирана и физички подготвена Аталанта, не беше лесно да се остане сконцентриран, но покажавме професионализам, одговорност и желба да продолжиме да ја работиме работата што ја започнавме“, почна Масимилиано Алегри говорејќи за DAZN.

Remote video URL

„Мора да продолжиме да си ја работиме нашата задача, која е на теренот. Мора да им се заблагодариме на играчите за она што го направија на теренот бидејќи знам дека психолошки е тешко одеднаш да се видиш себеси како паѓаш од второ или трето место на 10-то. Чувството е како да ви одземале нешто што сте постигнале. Трерба да им се честита и на играчите и на стручниот штаб кој работеше со нив“, додаде.

Поради одземените 15 бодови сега на Јуве ќе му треба навистина одлична втора полусезона за да обезбеди пласман меѓу првите четири на табелата и место во Лигата на шампионите за наредната сезона. Моментално заостанува 14 бодови зад Рома, која се наоѓа на 4. место.

„Не знам дали ќе успееме во тоа. Мислам дека со 71 бод веројатно се обезбедува Лига на шампиони. Тешко е, играме во Серија А, Копа Италија, Лига Европа, па ќе треба да одиме чекор по чекор. Невозможно е да се мисли толку далеку во иднината. Имавме 38 бодови, минус два што ни беа одземени (мисли на поништениот гол за победа против Салернитана, заб. на прев,), ќе бевме таму горе пред останатите. Останува фактот дека Наполи има неверојатна сезона“, заврши Макс Алегри.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе