Алтобели: Видал ви е топ, продајте го Ериксен, задржете ги Перишиќ и Наинголан

Златниот на Италија од 1982 и поранешен долгогодишен голгетер на Интер излезе со совети за играчкиот кадар на својот поранешен клуб.

Алесандро Алтобели стави точка на финалето од Мундијалот во 1982 во Шпанија кога Италија ја освои тогаш третата шампионска титула со 3:1 победувајќи ја Западна Германија на Румениге. Долги години настапуваше за Интер, од 1977 до 1988 кога одигра 466 натпревари на кои постигна 209 голови. Тој е еден од легендите на Серија А со 337 натпревари и 132 гола.

Remote video URL

„Конте одлично го познава Видал. А и во Барса видовме што сѐ е кадарен да направи, веќе го познава нашето првенство и е топ за стилот на игра на Антонио. Може да игра и на позицијата на Ериксен и во средината. Дава голови и асистира, поливалентен е, со сигурност ќе биде од огромна корист“, вели Алтобели, очигледно презадоволен од ангажманот на Артуро Видал.

Повратници во Интер се Хрватот Иван Перишиќ и Белгиецот Раџа Наинголан кои се врати од позајмиците во Баерн и Каљари. Двајцата има аодлични сезони, а изненадување е тоа што Баварците одлучија да не го откупат Хрватот.

„Обавезно би ги задржал Перишиќ и Наинголан. Иван со Баерн освои Триплета, скоро секогаш играјќи од почеток. Точно е дека првата година во Интер Раџа беше помалку несмасен, но кога замина во Каљари покажа што може да направи. И тој може да игра на различни позиции. Со доаѓањето на Видал нема да има многу слободен простор, но играчи како него јас секогаш би ги чувал во состав“, советува сега 64-годишниот Алесандро.

Има свое мислење и за Кристијан Ериксен, Данецот кој дојде во Интер како големо засилување од Тотенхем, но не успеа да се наметне во системот на Антонио Конте.

„Дојде во јануари, потоа почна короната, па не успеа да се наметне. Логично е доколку пристигнат понуди Интер би направил добар потег доколку го продаде, бидејќи штом минатата сезона не успеа да се пробие во почетниот тим, оваа сезона уште помалку ќе има шанси да игра. Во Англија сум го видел како игра добро, но тука беше некако преморен, иако на последните натпревари покажа дека е добар играч“.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе