Американката Грајнер во Русија осудена на 9 години затвор, остри реакции од САД

Американската кошаркарка Бритни Грајнер денеска пред рускиот суд во Химки е осудена на 9 години затвор поради поседување и шверц на дрога.

– Судот ја прогласи обвинетата за виновна за илегално поседување и трговија со значителна количина дрога, изјави судијката Ана Сотникова. Судијката рече дека обвиненијата за поседување и трговија со дрога се докажани на судењето и оти времето поминато во притвор ќе се пресмета во казната на Грајнер.

Грајнер во притвор е од 17 февруари, кога беше приведена на руски аеродром откако властите во нејзиниот багаж пронајдоа помалку од еден грам хашиш-масло. Грајнер, исто така, е казнета и парично, во износ од еден  милион рубљи, што е приближно 16.300 долари.

Претходно денеска руското обвинителство побара затворска казна од 9 и пол години, додека одбраната побара ослободување.

Сопругата на Грајнер, кошаркарките од нејзиниот тим, соиграчките од ВНБА, како и спортисти од сите спортови, веднаш упатија остри реакции и побараа нејзино ослободување.

Реакција веднаш дојде и од американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека пресудата на рускиот суд е неприфатлива и ја повика Москва веднаш да ја ослободи.

„Денеска, американската државјанка Бритни Грајнер беше осудена на затвор, што е уште еден потсетник на она што светот веќе го знаеше: Русија погрешно ја затвора Бритни“, нагласи Бајден во изјавата.

Тој додаде дека тоа е неприфатливо и ја повика Русија веднаш да ја ослободи Грајнер, „за да може да биде со партнерката, саканите, пријателите и соиграчите“.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен, исто така упати критики по повод пресудата и рече дека тоа „дополнително ја зголемува неправдата од нејзиниот незаконски притвор“ и ја зголемува американската загриженост за „рускиот правен систем и употребата на погрешни притвори од страна на руската влада заради унапредување на својата сопствена агенда, користејќи поединци како политички пиони“.

Правникот тим на 31-годишната кошаркарка најави дека ќе се жали на пресудата, истакнувајќи дека Судот ги игборирал сите докази што тие ги доставиле.

„Многу сме разочарани од пресудата. Како правни професионалци, сметаме дека судот треба да биде праведен кон сите без разлика на националноста. Судот целосно ги игнорираше сите докази на одбраната и што е најважно признавањето на вината“, се вели во соопштението.

„Ова е во спротивност со постојната правна практика. Имајќи ја предвид количината на супстанцата (да не зборуваме за недостатоците при експертизата) и изјаснувањето, пресудата е апсолутно неразумна. Сигурно ќе поднесеме жалба“, додаваат тие.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе