Amnesty International го критикуваше Роналдо за фалењето на Саудиска Арабија

Португалецот искажа убави зборови за Саудиска Арабија, земја каде сѐ уште е на сила смртната казна, а правата на жените се на многу ниско ниво.

Критиките нсекогаш се присутни, а повторно на мета се најде Кристијано Роналдо поради одлуката новата авантура да ја почне во Саудиска Арабија. Без разлика на изборот - повеќе или помалку сомнителен - португалскиот напаѓач беше жестоко критикуван за неговите зборови при официјалното претставување. „Многу клубови се обидоа да ме ангажираат, но јас му дадов збор на овој клуб да го развие не само фудбалот, туку и другите делови од оваа фантастична земја: сакам да дадам поинаква визија за овој клуб и оваа земја“.

Но, зборовите на напаѓачот предизвикаа реакција на Дана Ахмед, истражувач на Amnesty International за Блискиот Исток.

„Ангажирањето на Кристијано Роналдо од страна на Ал Наср е дел од стратегијата на Саудиска Арабија, многу е веројатно дека саудиските власти ќе го промовираат присуството на Роналдо во земјата како средство за одвлекување на вниманието од ужасната ситуација со правата на луѓето во земјата. Наместо некритички да ја фали Саудиска Арабија, Роналдо треба да го сврти вниманието кон прашањата за човековите права во земјата. Кристијано Роналдо не треба да дозволи неговата слава и статус на селебрити да станат алатка за масовно одвлекување на вниманието“, истакна Ахмед.

реклама

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе