Андреас Трајковски победи во скок во далечина на Европското екипно првенство – III дивизија

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски го освои првото место во скок во далечина на Европското екипно првенство (трета дивизија) кое се одржува во Силесија, Полска. Тој се искачи највисоко на пиедесталот со скок од 7,73 метри.

Овогодинешниот победничкиот скок е за 6 сантиметри пократок од националниот рекорд на Андреас Трајковски, кој го постигна на митингот во Калитеа (Грција) оваа година.

Трајковски својот најдобар скок, 7,73 метри, го оствари во вториот обид. Со првото место Андреас освои максимални 15 поени за атлетската репрезентација на Македонија, кои ќе влезат во генералното бодување на сите држави учеснички во оваа дивизија.

Покрај Андреас Трајковски, на пиедесталот се најдоа Ишаи Ифраимов од Израел, кој го освои второто место со скок од 7,70 метри, додека пак третото место му припадна на Мухамет Кангели од Албанија со скок од 7,36 метри.

Претходно Андреас настапи во дисциплината на 100 метри, каде истрча за време од 10,81 секунди и ја освои петтата позиција.

Македонската штафета на 4х100 метри, во состав: Андреас Трајковски, Огнен Стефановски, Михаил Петров и Јован Стојоски постави нов национален рекорд од 41,75 секунди и го освои 5-тото место (11 бодови за репрезентацијата). Досегашниот рекорд изнесуваше 42,86 секунди поставен во 2012 година, во состав Пандев, Ефремов, Ајдраво и Голубиќ.

Денеска свои настапи имаа и Михаела Лазаровска во дисциплината скок со стап, Стефан Стефановски во фрлање диск, Сара Османовска на 100 метри со пречки и во трискок, Ирма Хајдари на 800 метри со пречки, Леонид Вандевски на 1.500 метри, Дрита Ислами на 400 метри со пречки, Огнен Стефановски на 400 метри со пречки, Марјан Нојковски во дисциплината фрлање кладиво, како и машката и женската штафета на 100 метри.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Останати спортови

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Read more

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Read more

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Read more

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе