Апелација ја уважи жалбата, Мијалков излегува од притвор

Апелацискиот суд во Скопје ја уважил жалбата на одбраната за притвор на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, определен во случајот „Плацови на Водно“, и го преиначи првостепеното решение.

Како што потврди и појасни за МИА портпаролот на Апелација, Татјана Дуковска, согласно законот, по ова решение без задршка веднаш треба да биде извршено пуштањето на слобода на Мијалков. Но, како што рече, не мора да биде веднаш реализирана ако има други постапки, за што, подвлече, нема информации.

Решението од второстепениот суд е испратено до Основниот кривичен суд од каде се очекува да биде доставено и до затворот Шуто Оризари каде Мијалков ја издржува мерката притвор.

Сѐ уште нема информации дали вечерва Мијалков ќе замине дома.

Дуковска најави дека утре одлуката и целото образложение ќе биде објавено на веб-страницата на Апелацискиот суд.

– Според решението на Апелациониот суд, жалбата на обвинетиот се прифаќа, а првостепеното решение се преиначува така што притворот спрема обвинетиот се укинува и се наложува истиот веднаш да биде пуштен да се брани од слобода. Решението на второстепниот суд во текот на денов ќе биде експедирано до странките во постапката и КПД Затвор – Скопје, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

На прашањето дали одлучувал истиот состав на Кривичен совет, како и претходно, таа изјави дека Кривичниот совет во судот е еден совет, со тоа што редовните судии имаат и заменици судии кога се спречени да постапуваат.

Инаку, претходно адвокатите на Мијалков поднесоа гаранција во имот вреден 11.106.501 евро дека тој нема да избега, за притворот што претходно го имаше во случајот „Трезор“ и првостепено е осуден на 8 години затвор. Апелација ја прифати гаранцијата и го укина притворот минатата среда, но Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција истиот ден побара притвор за случајот „Плацови на Водно“ каде тој е еден од обвинетите.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Read more

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Read more

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more
 

Вести

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе