Арнаутовиќ се извини на македонски и албански јазик: „Не сум расист“

Австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ денеска се извини поради вербалниот инцидент што го предизвика на вчерашниот дуел од ЕУРО 2020 против македонската репрезентација, дообјаснувајќи дека неговото однесување било непримерно, но оти „не е расист“.

Арнаутовиќ со својот гол во 89. минута стави печат на вчерашниот триумф на Австрија од 3:1 по што беше снимен од една од камерите крај теренот како со погрдни зборови се обраќа кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, додека капитенот Давид Алаба се обидуваше да го замолчи својот соиграч.

– На вчерашниот натпревар имаше некои жешки зборови искажани во емоција за кои би сакал да се извинам, особено на моите пријатели од Македонија и Албанија, Би сакал да кажам една работа многу јасно. Не сум расист! Имам пријатели речиси насекаде во светот и се залагам за различности. Секој, кој ме познава е свесен за тоа, напиша Арнаутовиќ на својот Instagram профил, завршувајќи го обраќањето со извинување на македонски и на албански јазик.

Претходно, Арнаутовиќ ненајавено се појави на денешната прес – конференција на австриската репрезентација во Букурешт со цел, како што наведе, да дообјасни некои детали поврзани со инцидентот.

– Се радував (по постигнувањето на голот) и пристигнаа зборови што ме здоболеа. Беше тоа едноставна, емотивна расправија. На сите, кои се чувствуваат навредени, можам да им кажам дека ми е жал. Дајте да заборавиме, на тоа не му е место во фудбалот, изјави Арнаутовиќ.

Читајте наредно: Срам за репрезентацијата: Зошто Арнаутовиќ брутално ги пцуеше македонските фудбалери?

реклама

Порно ѕвезда ги открива најголемите лаги за индустријата за возрасни

Read more

Интересни факти кои веројатно не ги знаете за машкиот оргазам

Read more

Американски дипломат дрогирал и силувал 23 девојки додека работел во амбасада во Мексико

Read more

Тетовка од сопругот украла 400.000 швајцарски франци

Read more

Фудбал

Кристијан Ериксен се враќа во Интер на прегледи

Read more

Алегри уште е лут: Ако Бонучи сака капитенска лента, нека си купи

Read more

Скромниот Холанд: 175 милиони евра се премногу за еден човек

Read more

Вмешан во нов скандал: Вејн Руни повторно ја изневери сопругата?

Read more
 

Спорт

Георгиевски: Ветивме медал, донесовме сребро, верувам дека следниот ќе биде златен

Читај повеќе

Пречек на Дејан Георгиевски на плоштадот „Македонија“ (ВО ЖИВО)

Читај повеќе

Мојсовски: Георгиевски освои сребро, но за нас тој е златен

Читај повеќе

Дејан се врати дома: Овој успех не е само за мене, туку за цела Македонија

Читај повеќе

Ѓоковиќ експресно во полуфиналето на ЛОИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кристијан Ериксен се враќа во Интер на прегледи

Читај повеќе

Георгиевски попладнево се враќа во земјата со олимпискиот медал

Читај повеќе

Новата НБА сезона стартува на 19 октомври

Читај повеќе

Рекорден број на заразени на ЛОИ во Токио, двајца хoспитализирани

Читај повеќе