Авиокомпанијата QANTAS ќе бара патниците да се вакцинираат против COVID-19

Австралиската авиокомпанија QANTAS во иднина ќе инсистира меѓународните патници да бидат вакцинирани против COVID-19 пред летот, опишувајќи ја мерката како „неопходна“.

– Ги менуваме условите и ќе бараме меѓународните патници да бидат вакцинирани пред летот, изјави извршниот директор Алан Џојс.

– Сметаме дека ова е дефинитивно потребно кога станува збор за меѓународни посетители и луѓе кои ја напуштаат земјата, додаде тој.

Австралија ги затвори своите меѓународни граници во март за време на првиот бран на пандемијата и бара повратниците од странство да останат во карантин две недели.

Австралиската држава Викторија, која беше епицентар на епидемијата во земјата, соопшти дека нема активни случаи на коронавирус, првпат по повеќе од 8 месеци, и е на пат да го елиминира вирусот.

Во втората по бројност земја во Австралија, нема нови случаи 25. ден по ред, а воспоставени се ограничувања во јавниот превоз и голем број на компании се затворија по врвот на инфекцијата на почетокот на август со повеќе од 700 случаи на ден.

Во Викторија беа евидентирани повеќе од 73 проценти од вкупниот број заразени и 19 проценти од смртните случаи во Австралија.

Во земјата од почетокот на пандемијата се пријавени повеќе од 27.800 случаи и 907 смртни случаи.

Како и другите авиокомпании во светот, QANTAS скрати 8.500 работни места и приземји над 200 авиони поради драматичен пад на сообраќајот предизвикан од корона-кризата. 

реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе