УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023 - КВАЛИФИКАЦИИ

Автогол ја остави Звезда без ЛШ и 18 милиони евра

Фудбалерите на Црвена звезда синоќа прокоцкаа голема шанса да изборат пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, а грешките на нејзините играчи скапо ги чинеа белграѓани.

По поразот во првиот натпревар од Макаби во Хаифа со 3:2, Звезда имаше се во свои раце. Во првото полувреме белграѓани имаа сигурни 2:0, но успеаја да им поклонат на Израелците пласман во групната фаза.

Голманот и капитен Милан Борјан ги врати гостите во игра во судиското надополнување на првото полувреме. Навистина, канадскиот репрезентативец во тој напад одбрани пенал, но потоа во продолжението од акцијата реагираше катастрофално и прими гол од околу 30 метри откако топката помина на средината на голот.

Remote video URL

Бидејќи вкупниот резултат беше нерешен (4:4) Звезда имаше продолженија до 90-тата минута. И тогаш на „Маракана“ настана тишина. Милан Павков стана најголемата трагедија на белграѓани откако направи се сам за Израелците и си постигна автогол.

Иако зад него немаше ниту еден од ривалите, Павков делуваше наивно и ја заби топката во сопствената мрежа по едно нафрлување од слободен удар. Покрај неговата катастрофална реакција, се чини и дека топката отиде директно во рацете на Борјан, кој без проблем ќе ја фатеше.

Remote video URL

Овој пораз скапо ја чини Звезда. Белграѓани на стартот ќе заработеа 18 милиони евра во случај да влезеа во групната фаза, а во Лига Европа ќе инкасираат „само“ нешто повеќе од 3 милиони евра. Исто така, секој гол и бод во Лигата на шампионите се наплаќа неспоредливо повеќе отколку во Лига Европа, па евидентно е дека Звезда остана без вистинско богатство.

реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе