Бањаја победи во Валенсија и ја одбрани титулата

Франческо „Пеко“ Бањаја ја одбрани титулата во кралската класа. Возачот на Дукати победи на трката за Големата награда на Валенсија, а неговиот единствен конкурент, Хорхе Мартин на Прамак Дукати, не успеа да ја заврши трката. Шпанецот падна во шестиот круг по контактот со сонародникот Марк Маркес.

Шест круга траеше неизвесноста околу борбата за шампионската титула, во која Бањаја влезе со 21 бод повеќе од Мартин.

Актуелниот првак имаше добар старт, ја презеде челната позиција, а Мартин беше веднаш зад него.

Забележливо беше дека Мартин е агресивен и дека на секој начин се обидува да дојде до титулата. Имаа и близок контакт, Мартин го допре задниот дел од мотоциклот на Бања, но Италијанецот со многу мака ја задржа контролата. Мартин накратко излета од патеката, но потоа се врати на осмото место.

Remote video URL

Марк Маркес, осумкратниот шампион, на неславен начин ја заврши успешната деценија во Репсол Хонда, во текот на која стана еден од најуспешните поединци во историјата на спортот. Од следната сезона ќе вози заедно со својот брат во Гресини Дукати. Маркес трката ја заврши заедно со Хорхе Мартин.

На девет круга до крајот, Џек Милер, кој тогаш беше на водечката позиција, имаше тежок пад. Така на Милер му пропадна шансата да стане првиот во историјата на Мото ГП шампионатот кој победил на три различни мотоцикли (Хонда, Дукати, КТМ).

На крајот Бањаја победи пред Фабио Ди Џанантонио на Гресини Дукати и Жоан Зарко на Прамак Дукати.

URL
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Останати спортови

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе