Заменик-капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, ги коментираше очекувањата од вечерашниот натпревар.

Македонија квалификациите за ЕУРО 2024 ги отвора вечерва против Малта (20:45 ч.) во Скопје. „Рисовите“ се големи фаворити за победа, но трите бода ќе треба да се освојат на зелениот терен.
„Според последните резултати на овој тим, пласман на Европско првенство и финале во баражот за настап на Мундијал, амбициите сигурно се големи. Но, сето тоа мораме да го заборавиме и да се фокусираме на тоа што нѐ очекува. Посебно за овој прв натпревар со Малта“, вели Барди.
„За нас е многу важно да почнеме со победа бидејќи нашата цел во оваа тешка група е да забележиме што е можно повисок пласман. Знаеме дека можеме да играме против сите репрезентации, но на секој натпревар мораме да одиграме најдобро што можеме“, заврши играчот на турски Трабзонспор.
Во другиот натпревцар од нашата група вечерва во Неапол играат Италија - Англија.