Барса за влакно избегна банкрот, а Лапорта за два дена потроши 300 милиони евра

Роберт Левандовски (34) по 375 натпревари, 344 гола, 72 асистенции и освоени сите трофеи успеа да замине од Баерн во Барселона.

Официјално, најдобриот стрелец на Баерн во последниот половина век замина во Каталонија за 50 милиони евра (45 милиони обештетување плус пет милиони бонус), но угледниот шпански El Pais тврди дека овие бројки не се точни и дека Барселона му платила на Баерн значително повисока сума.

El Pais: Барселона лаже, платија многу повеќе за Левандовски

El Pais пишува дека Барселона за 34-годишниот напаѓач ќе му плати на Баерн дури 60 милиони, а истиот извор ги изнесе деталите за трансферот. Веднаш ќе се платат фиксни 45 милиони евра, потоа има пет милиони на име бонус кој ќе се активира доколку Барселона ја освои Лигата на шампионите следната сезона, плус 19 милиони доколку Левандовски ја заврши целата сезона како играч на Барселона.

Последната ставка најверојатно е вметната за да се заобиколи финансискиот фер-плеј бидејќи тие 10 милиони ќе се префрлат во наредната фискална година. Но, има уште една причина зошто Барса, како што тврди El Pais, ја скрила вкупната сума на трансферот.

„Раководството на Барселона се обврза да плати 60 милиони евра според договорените клаузули доколку Баерн ја објави информацијата која првпат се појави во јавноста, дека зделката е вредна 45 + 5 милиони. Причината е да се ублажат медиумските напади за прекумерно трошење во финансиски деликатен момент во кој се наоѓа Барселона“, потврди за El Pais неименуван агент вклучен во трансферот.

Клубот кој едвај избегна банкрот за два дена потроши 300 милиони евра на двајца играчи

Но, El Pais пишува дека тоа не е сè. Левандовски наводно добил многу поголема годишна плата од официјално објавената (16 милиони евра), што значи дека Барса за него ќе потроши 92 милиони евра во следните четири години.

Накратко, ако овие бројки се точни, Барселона за два дена потроши неверојатни 297 милиони евра за Левандовски и Рафиња кои пристигнаа од Лидс (55+10 милиони), на име обештетување, бонуси и провизии за агенти. Толку троши клубот, кој неодамна го продаде својот имот и дел од ТВ правата за да избегне банкрот.

Лапорта ги откри деталите пред Стоичков во Америка

Поради сето горенаведено, со голем интерес се чекаше интервјуто на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта на гледаната американска телевизија TUDN, наменето за шпанското население, во емисијата што ја води легендата на Барселона, Христо Стоичков.

URL

Лапорта одговараше на прашања во Мајами каде Барселона е на американска турнеја со која ќе заработи 15 милиони евра и со тоа ќе покрие барем дел од споменатите трошоци.

Претседателот на Барселона не само што не најави заштеда во разговорт со Стоичков, туку најави дека тргнува во нов скап шопинг:

„Го донесовме она што му треба на секој голем клуб, а тоа е одличен голгетер. Левандовски буквално гарантира многу голови, Роберт е митралез кој не престанува да пука рафали кои ја погодуваат целта.

Сите мораме да му се заблагодариме бидејќи Челси и ПСЖ му понудија многу поголема плата, а тој ја избра Барселона. А сега, следува капиталец во одбраната! Чави ни кажа за кои играчи е заинтересиран да го засили тој дел од тимот, а јас најавувам уште неколку причини за радост за навивачите на Барселона“.

Барселона веќе го доведе стоперот Андреас Кристенсен од Челси како слободен играч, но нивна прва цел да ја засили одбраната е Жил Кунде од Севиља. Брилијантниот и млад (23) дефанзивец е голема желба и на Челси, па во наредните денови се очекува дуел на гиганти за играчот кој го ослободува Севиља, но за околу 80 милиони евра.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе