Батерии од морска сол можна корисна замена за литиумот

Батериите од морска сол, според научните сознанија, имаат четири пати поголем капацитет од литиумот, објави Euronews.

Истражувачите веќе развија батерија направена од натриум-сулфур. Тоа е хемиско соединение што се добива од морска вода. Таквата батерија не само што е поевтина, туку е и поеколошка од постојните литиум-јонски батерии. Одговорниот истражувач Шенлон Чао од австралискиот Универзитет во Сиднеј, верува дека оваа батерија може да биде пресвртница во поглед на обновливите извори на енергија. Сепак, според него, има и неколку финансиски препреки за развој на батерии со морска сол.

Со оглед на климатско-еколошките услови, на планетава се зголемува потребата од префрлање на обновливи извори на енергија, како што се ветерот и Сонцето. Сепак, имајќи предвид дека обновливите извори не се толку конзистентни, тука е и потребата од складирање енергија, за што се користат батериите.

Многу батерии кои моментално се достапни се направени од ретки материјали, како што се литиум, јаглен и кобалт. За да може Европската Унија да постигне климатска неутралност, до 2030 година ќе треба да троши 18 пати повеќе литиум, а до 2050 година речиси 60 пати повеќе.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во септември годинава најави дека ретките метали наскоро ќе бидат исто толку важни како нафтата и гасот. Сепак, и тие имаат своја цена. Ископувањето литиум може да резултира со недостиг на вода, уништување на биолошката разновидност и загадување на почвата. Покрај тоа, пронаоѓањето и обработката се многу скапи. Имајќи предвид дека морската сол е сеприсутна, батеријата од морска сол би можела да биде далеку поисплатлива алтернатива за литиум-јонските батерии.

Што се батерии од морска сол?

Тие не се новина „од вчера“, велат научниците. Како концепт постојат 50 години, но не се сметаа за доволно корисни поради кусиот период на употребливост. Сепак, батериите со морска сол што сега се развиваат се различни од своите претходници.

Научниците ги модифицирале електродите за да ја подобрат реактивноста на сулфурот, клучен елемент за капацитетот на складирање енергија. Резултатот е - батерија со „супервисок капацитет и ултрадолг животен век на собна температура“, објаснуваат истражувачите од Универзитетот во Синдеј.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Вести

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more
 

Гик

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе