УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2023/2024

Баварската полиција апсела фашисти: Среде Минхен оживеа духот на Мусолини

Злогласните навивачи на Лацио фашистички скандираа и отпоздравуваа на „Алианц Арена“, а ја посетија и пивницата на Хитлер.

Навивачите на Лацио го искористија гостувањето во Минхен за повторно да го покажат своето вистинско лице. Најжестоките поддржувачи на овој клуб со години се познати како екстремни десничари и фашисти, а некои од нив тоа воопшто не го кријат. По реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите, во кој Баерн ја надополни негативата од 1:0 од првиот натпревар во Рим и победи со 3:1, полицијата во Минхен соопшти дека апсела фашисти.

100 навивачи на Лацио дојдоа во Минхен, а еден беше уапсен бидејќи во пивницата каде Адолф Хитлер ја основал Нацистичката партија гордо пеел фашистички песни. Портпаролот на минхенската полиција, Михаел Маринвалд, за медиумите потврди дека 18-годишниот навивач му е изречена четирицифрена парична казна во евра. Тоа не е сѐ затоа што истакна дека се гонат уште неколку навивачи на Лацио кои пееле песни за Црните кошули, италијанска паравоената единица на Фашистичката партија на Бенито Мусолини.

Италијанска la Repubblica објави видео на кое се гледа како навивачите на Лацио извикуваат „Дуче, Дуче, Дуче!“ среде Минхен, име со кое се нарекуваше идеологот и прв човек на италијанскиот фашизам за време на неговото владеење - Бенито Мусолини. На видеото се гледа и како тие го покажуваат фашистичкиот поздрав.

URL

Оваа вест доаѓа само неколку дена по веста дека навивачите на Лацио по поразот на нивниот тим од Милан во Серија А испратиле смртни закани и ужасни пораки до играчот од средниот ред на Милан, Американецот Кристијан Пулишиќ.

Дополнително, истите навивачи, но во многу поголем број, на првиот натпревар против Баерн со Рим истакнаа парола со порака до германските навивачи, која гласеше: „Единствено нешто за кое ви завидуваме: пивницата“.

Со пораката лацијалите алудираат на пивницата Bürgerbräukeller на југот на Минхен каде на 8 ноември 1923 година се собрале Адолф Хитлер, Херман Геринг, Алфред Розенберг и Рудолф Хес и го договориле познатиот Пивнички пуч. Тоа бил неуспешен обид за државен удар од страна на Хитлер и нацистите, одржан на 8 и 9 ноември 1923. Околу 2 илјади нацисти марширале до Фелдхернхале во центарот на градот, но биле спречени од полициски кордот. Резултатот бил 15 убиени нацисти, 4 полицајци и 1 случаен минувач. Хитлер побегнал, но по два дена бил уапсен, обвинет за предавство и подоцна осуден на 5 години затвор. Токму за тоа време ја напишал мегапопуларната книга „Mein Kampf“. По 9 месеци бил ослободен, по што ја сменил играта и наместо револуција одлучил власта да ја добие по легален пат, со што го почнал развојот на нацистичката пропаганда.

Пивницата Bürgerbräukeller

Денес пивницата сѐ уште постои, но под името Hofbräuhaus.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе