Бекам: Солскјер врши неверојатна работа во Јунајтед

Легендата на „Црвените ѓаволи“ и поранешен соиграч на сегашниот тренер упати низа пофалби и поддршка до норвешкиот стратег.

Дејвид Бекам и Оле Гунар Солскјер заедно настапуваа за Манчестер Јунајтед во периодот од 1996, кога Солскјер дојде на „Олд Трафорд“, до 2003 кога Бекам замина во Реал Мадрид. Заедно беа дел од таа златна генерација на Сер Алекс Фергусон заедно освојувајчи 5 титули во Премиер лигата, 1 ФА куп, 2 Лига купа, 1 Интерконтинентален куп и Лигата на шампионите во она незаборавно финале со Баерн во 1999 година.

Солскјер од декември 2018 е на клупата на својот поранешен клуб наследувајќи го, не било кој туку, Жозе Мурињо.

„Слушнав некои од критиките, но претпоставувам дека кога си тренер на Манчестер Јунајтед после еден период во кој со години клубот имал успех, нормално е да има моменти кога луѓето критикуваат, било играчите, управата или тренерот“, вели Бекам за ESPN.

Токму во таква ситуација се наоѓа Норвежанецот кој пред да дојде го предводеше Молде од 2011 со краток прекин во 2014 кога кратко седеше на клупата на Кардиф Сити.

„Оле во оваа игра е доволно долго за да може да издржи било каква критика. Тој е многу мирен, си ја гледа својата работа и мислам дека досега сработи неверојатна работа во Јунајтед“, додава.

Во првата сезона Солскјер заврши на 6. место во Премиер лигата, додека лани беше трет и влезе во Лигата на шампионите. И оваа сезона е со една нога во ЛШ бидејќи е втор со 8 бодови пред петтиот, но е далеку од првото место.

„Резултатите почнуваат да го покажуваат тоа. Се надевам дека тоа ќе продолжи бидејќи навивачите го сакаат Оле, сите го сакаме Оле и сите сакаме да успее. Така да, кога се критикува, тој е личност која може да го поднесе тоа“, заврши Бекам, сега сопственик на Интер Мајами.

Она што е минус за норвешкиот стратег е тоа што тимот нема освоено ниту еден трофеј. Сезонава испадна од двата домашни купа, а во игра е единствено во Лига Европа.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе