Бектеши: Испораката на природен гас не е прекината, имаме алтернативи

Испораката на природен гас не е прекината, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши по информациите дека руски „Газпром“ ја прекинал испораката на гас кон Бугарија и Полска. Тој на прес-конференција рече дека сите обврски од наша страна се подмирени и дека и денеска има континуирана испорака на природен гас во земјава од „Газпром“ преку гасоводот од Бугарија.

– Испораката не е стопирана. Од наша страна се подмирени сите обврски во делот на снабдување со природен гас. Сепак, ситуацијата е комплексна и не се знае каква одлука може да биде донесена во наредните денови. Како држава и институции сме подготвени и имаме соодветни алтернативи за секаква одлука што би можела да се донесе. Такви најави како институции немаме и од Руската Федерација и од Република Бугарија. Од трговците денеска добивме податоци дека во континуитет се снабдуваат со природен гас сите нивни клиенти вклучувајќи ги и компаниите во зоните и надвор од зоните, увери Бектеши.

Според него, Бугарија не смее да направи прекин во транспортот на природен гас кон земјава и преносната мрежа мора да функционира.

– Не смее тоа да го направи согласно договорот и потребата на цевководот. Имаме количества кои се одредени за потребите на земјава и преносната мрежа мора да функционира. Тоа значи дека ако Руската Федерација не донесе одлука за прекин на испорака на природен гас во Северна Македонија, испораката треба да се одвива во континуитет и редовно. Прекуграничните количества во интерконекторот со Бугарија се резервирани до 2030 година од страна на „Газпром“. Дополнително во случај да се раскине договорот меѓу „Бугартрансгаз“ и „Газпром“ во делот на прекуграничните количества кои се резервирани во нашиот интерконектор и во другите интерконектори во Република Бугарија тогаш слободно можеме да увеземе природен гас и преку интерконекторот што го има Република Бугарија со Република Грција, кој е поврзан на гасоводот ТАБ и обезбедува гас од Азербејџан, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање.

Како држава, како што нагласи, имаме три активни системи на дистрибутивни мрежи за природен гас – на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, на ЈП „Струмица гас“ со 315 потрошувачи и на ЈП „Куманово гас“ со 100 потрошувачи. Индустриските субјекти приклучени на мрежата на Дирекцијата за ТИРЗ имаат можност да користат и алтернативно гориво – мазут, компримиран природен гас или екстра лесно гориво. Јавното претпријатие „Струмица гас“, пак, целосно се снабдува со компримиран природен гас што може да се користи и за снабдување на другите заинтересирани страни.

– Најголемата потрошувачка на гас е во зимските месеци имајќи предвид дека природениот гас најмногу се користи за производство на топлинска енергија. Во текот на зимскиот период потрошувачката на природен гас достигнува до 45 милиони нормални кубни метри месечно, а од јули до септември е шест милиони што се должи на работењето на ТЕ-ТО кој е најголем потрошувач во земјава, рече Бектеши и додаде дека над 60 индустриски, комерцијални и јавни потрошувачи за производство на електрична енергија и топлина се директно поврзани со преносната мрежа на преносен гас.

Во текот на претходната година, посочи министерот, со системот за пренос на природен гас управуван од ГАМА беа пренесени вкупно 426 милиони нормални кубни метри со што продолжи трендот на зголемување на количеството на природен гас во системот за пренос.

– Претходната година беше рекордна имајќи предвид дека ТЕ-ТО работеше во банд режим – 24 часа дневно заради одлуките што ги носевме за справување со енергетската криза, а не работеше само во пикови, како што работеше претходно. Ова е досега најголемо количество на природен гас во системот за пренос од почетокот на неговата работа и претставува зголемување за 26 проценти во однос на пренесените количества на природен гас во 2020 година, односно изнесува над 53 отсто од вкупниот капацитет на системот за пренос на природен гас. Тоа се должи пред се на работата на когенеративните капацитети за производство на електрична енергија, рече Бектеши.

Од 1 јануари до денеска, како што истакна, во земјава се увезени 127 милиони нормални кубни метри природен гас или над 35 проценти од вкупната годишна потрошувачка на природен гас во нашата држава која просечно е од 300 до 330 милиони.

– Од 15 октомври би требало да се увезат најмалку дополнителни 35 отсто, што значи дека околу 20 отсто од целосната потрошувачка за потребите на индустријата можеме да ги најдеме и со снабдување со компромиран природен гас. Такво искуство веќе имаме во нашата држава со работењето на ЈП „Струмица гас“. Залиха на гас нема, бидејќи немаме складишта за природен гас во земјава, но во континуитет и денеска имаме увоз на природен гас во нашата држава, посочи Бектеши.

Тој потсети дека е во тек и проектот за гасна интерконекција со мрежата на ДЕСФА во Грција. Во јуни, како што најави, треба да биде објавен тендер за изведба, а се очекува целосно да биде функционален за 18 до 20 месеци. Со изградбата на овој интерконектор, додаде тој, ќе се обезбедат услови за целосна диверзификација во снабдувањето со природен гас. Дополнително, истакна Бектеши, земјава учествува и во изградбата на терминалот на ЕНEРЏИ во Александропулос, кој треба да биде готов за две до две и пол години и да обезбеди течен гас од САД.

– Генерално уделот на увозот на нафтени деривати со потекло од Русија е приближно 8 отсто во земјава. Ние сме подготвени како институции, како и компаниите дека каква и одлука да се донесе, кај нас влијанието ќе биде многу мало, минимално, потенцира Бектеши.

Министерот најави дека следната недела во Софија ќе се одржи состанок на сите министри задолжени за енергетскиот сектор од регионот за да се презентираат потребите на државите и да има континуирано снабдување со природен гас и со други енергенси на Западен Балкан.

Тагови
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Македонија

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Read more

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција за новата влада е само ВРЕДИ

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Граната од Првата светка војна најдена најдена во близина на кампот за мигранти во Гевгелија

Read more
 

Вести

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Читај повеќе

По осми пат ќе се одржи Today It's All About Jazz во Скопје

Читај повеќе

Повик за учество на млади поети на „Отскочна даска #3“ во рамките на 4. Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Читај повеќе

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција за новата влада е само ВРЕДИ

Читај повеќе

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Читај повеќе

Путин ги откажа парадите на 9 мај: Стравот од украински напад е посилен од традицијата

Читај повеќе

Остар пад на доларот

Читај повеќе

Велигденски концерт на НУ Охридско лето со женскиот хор Менада

Читај повеќе