Берлускони: Путин беше притиснат да ја нападне Украина

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони предизвика бурни реакции со изјава за Владимир Путин непосредно пред општите избори во Италија в недела, пренесе DPA.

Берлускони (85) синоќа во ТВ интервју тврдеше дека лидерот на Кремљ бил притиснат да ја нападне Украина.

„Путин беше притиснат од рускиот народ, од партијата, од неговите министри, да ја спроведе оваа специјална операција“, изјави Берлускони за телевизискиот канал RAI.

Берлускони е пријател на рускиот претседател и долго се двоумеше да ја осуди инвазијата по избувнувањето на војната. Тој рече дека сега „Путин падна во навистина тешка и драматична ситуација“. Според него, во февруари претставници на двете самопрогласени републики во Донбас побарале од Путин да интервенира. „Сепаратистичките републики го убедија Путин тврдејќи дека Украина ги напаѓа териториите со зголемена жестокост“, пренесува DPA.

Лидерот на партијата Форца Италија, која како помал партнер во десничарската коалиција која има најголеми шанси да победи на изборите в недела, рече дека Путин сакал да ја замени владата на Володимир Зеленскиј во Киев „со влада на пристојни луѓе“.

Изјавите на медиумскиот претприемач, кој освен со својата политика привлече внимание и преку скандали, ги алармираат сите оние кои стравуваат од пресврт на Италија кон Русија по изборите, коментира германската агенција.

Покрај Берлускони, дел од десничарскиот блок е и Матео Салвини - лидерот на екстремната десница Лега кој со години беше поддржувач на Путин и ги критикува санкциите на Западот кон Москва.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе