BMW: Не ги отпишувајте уште моторите со внатрешно согорување

Додека многу производители воведуваат модели на електрични возила како на подвижна лента, а некои земји и градови планираат целосно да ја забранат продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување, извршниот директор на BMW, Оливер Ципсе, смета дека тоа не е добра идеја.

Преминот кон електрични возила се случува толку брзо што дури и брендовите кои ја изградиле својата репутација на мотори со внатрешно согорување видливо се менуваат и се прилагодуваат. Покрај тоа, многу градови ги исфрлаат автомобилите со мотори со внатрешно согорување или скапо им наплаќаат пристап до центрите. Но, дали сите во глобалната автомобилска индустрија мислат дека ова е патот по кој треба да се оди?

Првиот човек на Stellantis, Карлос Таварес, веќе проговори за тоа, а сега извршниот директор на BMW (повторно) ги изрази своите сомнежи.

Говорејќи на настан во Њујорк, Оливер Ципсе ги истакна ограничените количини и достапноста на материјалите што се користат за производство на електрични возила:

„Кога ќе ја погледнете технологијата за електрификација што доаѓа, мораме да бидеме внимателни, бидејќи во исто време расте зависноста од многу мал број земји.“

Ципсе додава дека има уште некои прашања што треба да се разгледаат.

„Ако поради некоја причина некој не може да купи електрично возило, но му треба автомобил, дали повеќе би му предложиле да продолжи да го вози стариот автомобил засекогаш? Ако повеќе не произведувате и продавате возила со мотори со внатрешно согорување, некој друг сепак тоа ќе го прави“, продолжи тој, истакнувајќи дека ова е нешто што мора да се земе предвид, бидејќи многу клиенти не сакаат (или не можат) да се префрлат на EV бидејќи трошоците се многу важен фактор.

Ципсе опиша други работи што го мачат.

Тој рече дека потенцијалниот купувач на електрично возило, ако реши, да речеме, да ја изнајми или продаде својата куќа или стан, можеби нема да може да ги полни батериите дома. Ова не само што може да биде пречка за сопствениците на EV, туку може целосно да ја уништи идејата за поседување и купување електрични возила.

А не се баш ни евтини...

Во моментов на пазарот има многу малку евтини целосно електрични возила. Купувачите кои не можат да си дозволат електричен автомобил кој чини 25.000 евра или повеќе, не би можеле да размислуваат за купување на нов автомобил.

Од друга страна, автомобилите со внатрешно согорување лесно се наоѓаат за помалку од таа сума.

Имајќи ги предвид овие фактори, се чини дека автомобилите со мотори со внатрешно согорување ќе имаат свое место на пазарот во годините што доаѓаат.

Во исто време, некои од овие проблеми може да се решат „во од“. На пример, салоните за автомобили може да им помогнат на купувачите на електрични автомобили да инсталираат полначи во своите домови, што би им олеснило да се префрлат на електрична енергија.

Некои, како Tesla и групата европски и корејски производители, инвестираат многу во инфраструктурата за полнење. А дали тоа ќе помогне, особено кога ќе се намалат или целосно укинат стимулациите за купување, не сме сигурни.

реклама

Авто новости

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе