Бобан Николов потпиша за романскиот гигант Стеауа

Филип Здравески
/ 17.09.2022 / 14:49

Македонскиот фудбалски репрезентативец конечно најде нов клуб откако цело лето го мина барајќи нова средина по напуштањето на молдавски Шериф.

Бобан Николов минатата сезона настапуваше за Шериф, но го напушти овој клуб уште во јуни. Оттогаш беше во потрага по нов клуб, го загуби местото во репрезентацијата поради таквата ситуација, а денеска конечно го реши клупскиот статус откако романскиот гигант објави за соработката. Иако летниот преоден рок заврши, како слободен играч Николов имаше право да потпише договор и надвор од преодниот рок.

Клубот ФЦБС, како што сега гласи официјалното име на Стеауа од Букурешт откако сопственикот Џеорџе Бекали во 2017 година го загуби спорот со романската армија за користење на славното име Стеауа, објави дека 28-годишниот македонски играч за врска веќе го потпишал договорот и го одработил првиот тренинг под команда на стручниот штаб предводен од Николае Дика.

„Нашиот клуб му посакува добредојде и нека има што повеќе успеси во црвено-синиот дрес!“, порача клубот на официјалната веб-страница.

URL

Родум од Штип, Николов кариерата ја почна во младинскиот погон на Брегалница, а уште како тинејџер замина во Академиа Хаџи, клубот на романската легенда Георге Хаџи. Играше уште и за романски Вииторул, скопски Вардар, унгарски МОЛ Фехервар и калчолигашот Лече (тогаш во Серија Би). Романскиот јазик одлично го владее. За репрезентацијата на Македонија има 46 настапи и 4 постигнати голови.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Read more
 

Спорт

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе