Бокс-офис: „Black Widow“ го освои врвот, но е опасен за гледање

Филмот „Black Widow“ заработи над 218 милиони долари за три дена и е најголемото филмско остварување во последните две години.

По неколку одложувања на датумот на премиера поради пандемијата, светот конечно може да го погледне долгоочеквуаниот филм. Покрај сите ограничувања поради коронавирусот, организаторите одлучија да преземат важен чекор, филмот да биде прикажан и во киносалите и на стриминг сервисот Disney+Premium.

Со поставување на онлајн платформа поттикнат е интересот не само кај љубителите на филмовите, туку и кај измамниците. „Black Widow“ е особено атрактивен за различни онлајн измами и хакерски напади како на интернет, така и преку мејл и пораки на мобилни телефони.

По анализа на Kaspersky, пронајдени се бројни фишинг веб-сајтови дизајнирани за кражба на кориснички податоци. Со надеж дека конечно ќе го гледаат филмот корисници посетиле сајт кој ги прикажува првите неколку минути од филмот пред да им биде побарано да се регистрираат за да продолжат да го гледаат филмот. Во текот а регистрацијата, за да го потврдат местото на живеење, жртвите биле замолени да внесат податоци за нивните банкарски сметки. По некое време парите биле земени од нивните сметки, но филмот не бил пуштен до крајот. Овој вид фишинг е широко распространет и се смета за еден од најпопуларните меѓу измамниците.

Затоа е најдобро филмот да се гледа исклучиво на официјални канали за дистрибуција на филмска содржина, предупредуваат експертите.

Remote video URL
Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе