Болест која може погрешно да се протолкува како COVID-19, еден симптом е клучен

Синузитис, риносинузитис или воспаление на синусите... како и да ја наречете оваа непријатна болест, на сите ни е добро позната, од лично искуство, но и ако сте родител (синузитис може да имаат и деца). Иако синузитисот поминува сам по себе, обично во рок од 2-3 недели (акутниот синузитис може да трае и до 12 недели), со соодветни лекови, овој непријатен период може да се направи поподнослив.

Синузитисот се развива кога има инфекција, оток и воспаление на мукозата на синусите. Најчесто е предизвикан од вируси, а во мал број случаи од бактерии, додека габите се ретка причина. Други состојби како што се алергии, назални полипи и забни инфекции, исто така, можат да придонесат за болка во синусите и други симптоми на воспаление. Иако синузитисот може да се појави во секое време од годината, тој е најчест во сезоната на настинки и грип, односно во есен и зима.

Главоболка, течење и затнат нос

Најчестите симптоми по кои можете да препознаете дека имате синузитис, а оние кои се склони кон него веројатно веќе добро ги знаат, се болка и притисок во пределот околу очите и носот, главоболка, затнат нос со придружно белузлаво или жолто-зелен секрет кој може да предизвика болки во грлото, кашлица и засипнатост, како и треска. Карактеристично е и тоа што секретот тече назад, низ задниот ѕид на фаринксот, а често се присутни замор и исцрпеност, како и болка во увото. Типично е и дишењето преку уста и зборувањето низ нос, додека намаленото чувство за мирис и лош здив се поретки. Главоболката е посилна наутро, бидејќи во текот на ноќта секретот се наталожува во синусите.

Дали е COVID-19 или синузитис?

Ова е прашање што се наметнува кај сите нас во услови на пандемија, кога секое 'рчење или стискање во грлото изгледа сомнително и нѐ тера да се запрашаме дали сме заразени со коронавирусот. Во овој случај, прашањето е навистина оправдано затоа што некои од симптомите на овие две болести се преклопуваат, а двете болести се јавуваат почесто во услови кога повеќе време поминуваме во затворен простор, како што е случајот во зимските месеци. Иако и синузитисот и COVID-19 можат да предизвикаат треска, главоболка, воспалено грло и назална конгестија, постојат некои разлики меѓу нив.

Синузитисот предизвикува поголема непријатност, притисок и болка во лицето и челото, изразена назална конгестија, а карактеристичниот обоен секрет истекува од носот или пак паѓа низ грлото. Во секој случај, болката или притисокот во синусите (околу очите или на целото лице) и секретот што тече низ грлото се прилично добри показатели дека всушност може да се работи за синузитис бидејќи тоа не се типични симптоми на COVID-19.

Од друга страна, COVID-19 предизвикува повеќе сува и иритирачка кашлица, губење на чувството за вкус и мирис и во повеќето случаи повеќе симптоми на долниот респираторен систем, како што се отежнато дишење, притисок и болка во градите, кратко дишење и слично. Исто така, симптомите кои се поспецифични за COVID-19 и ретко се јавуваат со инфекции на синусите се болки во телото, тегоби како гадење, повраќање или дијареа со губење на чувството за вкус и мирис.

реклама

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Здравје

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more
 

Магазин

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Читај повеќе

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Читај повеќе

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Читај повеќе