Брозовиќ на суд го доби Кралот на папараците

Макфакс/Кајгана
/ 29.02.2024 / 20:22

Италијанскиот новинар и фотограф Фабрицио Корона мора да му плати отштета од 5.000 евра на хрватскиот фудбалер Марцело Брозовиќ и по 7.500 евра на аргентинскиот играч Мауро Икарди и неговата сопруга Ванда Нара. Корона во 2019 година ја објави веста дека Нара има афера со Брозовиќ. Судот во Милано пресуди дека се работи за лажна вест.

Според пресудата, Корона мора да плати дополнителна казна од 1.500 евра „поради клевета“.

Брзовиќ, кој сега е во Саудиска Арабија во Ал Наср, и Икарди, кој игра за турски Галатасарај, пред пет години беа соиграчи во Интер. Корона на веб-страницата на неговиот медиум, King Corona Magazine, објави дека Икарди и Нара се разделуваат поради аферата што ја имала со Брозовиќ.

Во февруари 2019 година, насловот гласеше: „Мауро Икарди се разведува од сопругата. Ванда Нара го изневерила со соиграчот Марцело Брозовиќ“.

Ванда Нара поднесе тужба, а во април 2022 година на суд изјави дека овие „лажни информации“ влијаеле на заминувањето на Икарди од Интер во францускиот ПСЖ. Ванда Нара исто така е и менаџер на Икарди.

Корона медиумите го нарекуваат Крал на папараците бидејќи прв во јавноста лансираше неколку скандали.

На крајот на 2023 година преку својот портал ја објави веста дека италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали учествувал во спортско обложување, иако тоа е строго забрането за спортисти. Тонали во текот на полициската истрага признал дека се обложил на натпреварите на неговиот поранешен клуб Милан.

реклама

Доматите ќе имаат подобар вкус ако додадете една едноставна состојка

Read more

Иран: Подготвени сме да ги решиме разликите со Америка

Read more

Пак врие на плажите во Грција: Лежалките поскапуваат од ден во ден

Read more

Зошто е важно редовно да го рестартирате телефонот?

Read more

Фудбал

Пионерите на Луцерн со 7:1 ги декласираа Алиша Леман и колешките, федерацијата се обиде да го скрие резултатот

Read more

Навивач на Џеноа го истетовира датумот на испаѓање на Сампдорија, сега е пишман

Read more

Зико: Секогаш кога не им оди, европските клубови се жалат на горештина и замор

Read more

Инфантино го брани Клупскиот мундијал: Конечно ќе знаеме кој е најдобар во светот

Read more
 

Спорт

Пионерите на Луцерн со 7:1 ги декласираа Алиша Леман и колешките, федерацијата се обиде да го скрие резултатот

Читај повеќе

Навивач на Џеноа го истетовира датумот на испаѓање на Сампдорија, сега е пишман

Читај повеќе

Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите

Читај повеќе

Зико: Секогаш кога не им оди, европските клубови се жалат на горештина и замор

Читај повеќе

Инфантино го брани Клупскиот мундијал: Конечно ќе знаеме кој е најдобар во светот

Читај повеќе

Луис Енрике ѝ наоѓа маани на тревата: Топката скока како да е зајак

Читај повеќе

Бостон Селтикс продадоа еден од клучните играчи

Читај повеќе
  • play_arrow

Палестинец е херој на Клупскиот мундијал: Со хет-трик го елиминира Порто

Читај повеќе

Кристал Палас сепак ќе игра во Лига Европа

Читај повеќе