Бугарија е последна според медиумската писменост во ЕУ

Бугарија се наоѓа на последното место во Европската Унија според индексот за медиумска писменост од 2021 година, и на тоа ниво е веќе четири години. Индексот се објавува годишно од Европската иницијатива за политика (EuPI) при Институтот отворено општество - Софија од 2018 година. Тој ги проценува жителите на 35 европски земји според степенот до кој имаат отпор кон ширењето лажни вести.

Со цел да се состави индексот, се испитува нивото на слобода на медиумите во соодветната земја, нивото на образование и доверба меѓу луѓето.

Лошите перформанси на Бугарија се должат на слабите резултати на медиумска писменост во анкетите на ПИСА, слабите проценки на слободата на медиумите на меѓународната ранг-листа на Фридом Хаус и Репортери без граници и ниското ниво на доверба кај луѓето.

Државата се движи подобро во однос на учеството на населението со високо образование и електронско учество на граѓаните во управувањето, но тоа не е доволно за да се помести од последното место во ЕУ во однос на медиумската писменост, јавија бугарските медиуми.

Финска (1 место), Данска (второ), Естонија (трето), Шведска (4-то) и Ирска (5-то) се на врвот на ранг-листата според индексот за медиумска писменост во 2021 година. Овие земји имаат најголем потенцијал да ги издржат негативните ефекти на лажните вести и дезинформациите во Европа поради високите нивоа на квалитет на образование, слободата на медиумите и довербата меѓу луѓето.

реклама

Регион

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе
  • filter

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Читај повеќе

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе