ПСЖ загуби со 2:3 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите на домашен терен, но во реваншот во Шпанија ја совлада Барса со 4:1 и победи во полуфиналето со вкупен резултат 6:4.

Парижаните последен пат играа во полуфиналето во 2021 година, додека тоа ќе биде прво полуфинале за Борусија од 2013 година. Барселона фантастично го отвори натпреварот и поведе со голот на Рафиња во 12. минута, но сè се сврте кога Араухо доби црвен картон во 29. минута.
ПСЖ умешно ја искористи бројчаната предност и до полувремето најпрво израмни со голот на Дембеле (40.), а потоа на почетокот на вториот дел направи пресврт со головите на Витиња (55.) и Мбапе (60.) од 11 метри. Мбапе ја заврши приказната во 89. минута по контранапад.
Во 55. минута исклучен беше тренерот на Барселона, Чави. По прекршокот во центарот за ПСЖ, Чави дивееше на аут линијата и шутна реклама од Лигата на шампионите токму пред четвртиот судија. Романскиот судија Ковач веднаш му покажа црвен картон и го испрати на трибините.
„Барса повторно ќе се обиде. Одигравме многу добра сезона во Лигата на шампионите и следната година ќе се обидеме повторно. Со 10 играчи е многу тешко да се игра со ПСЖ. Штета што целата наша работа оваа сезона заврши вака само поради една одлука. Би сакал да можев да играм 11 на 11 против Луис Енрике“, изјави Чави по натпреварот и додаде:
„Додека бевме рамноправни, тоа беше сосема поинаков натпревар. Бевме многу добро организирани во 11 на 11. Му кажав на судијата дека донесе многу лоша одлука кога го исклучи Араухо. Му реков дека не ја разбира играта. Тоа беше катастрофа Не сакам да зборувам за судии, но таа одлука нè погоди.“