Чави за победата над Севилја: Имавме шанси да постигнеме повеќе голови

Тренерот на Барселона Чави го пофали својот тим за изданието на синоќешниот натпревар со Севилја на гостински терен.

Каталонците победија со 3:0 во дуел од 4. коло на шампионатот на Шпанија во меч во кој доминираа.

– Чувствата се позитивни. Но, немавме доволно одмор, а ни треба. Првите 15 минути тргнавме малку лошо. Потоа, ја видовме величествената Барса. Од 20. минута доминиравме. Ми се допаѓа позиционата игра, но играа и нашите противници. Го префрливме тежиштето на играта на противничката половина од теренот. Нашата тимска игра беше многу добра, имавме шанси да постигнеме повеќе голови. Треба да го искористиме максимумот. Победата овде е добар знак. Ние сме во добра позиција. Се подобривме, но ова е трка на долги патеки. Рано е да се зборува за некои работи. Мора да бидеме воздржани, изјави Чави за Marca.

По овој натпревар Барселона стигна до 10 бода и се искачи на второто место во поредокот. Севилја е само со еден бод на 17. место. 

Тагови
реклама

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе