Чеферин: Никој не сака Суперлига, освен оние за кои фудбалот е само пари

Претседателот на УЕФА повторно упати остри критики кон проектот за Суперлигата чиј живот лани траеше многу кратко време.

„Никој не ја сака Суперлига, освен оние кои мислат дека фудбалот е само пари“, вака Александер Чеферин ја објасни потребата за Суперлигата говорејќи во интервју за францускиот неделник Le Journal du Dimanche.

„Кога во 2019 година се разговараше за новиот формат на Лигата на шампионите, почна притисокот. Ни работеа зад грб додека ни подаваа рака, разговараа за тоа веќе три години пред да објават“, вели тој.

„Рачунаа на фактот што 12 клубови се имаа согласено, а други требаше да ги следат. Но, сѐ траеше 48 часа. Се сеќавам дека тоа беа прилично стресни два дена, на телефон бев од утро до мрак“, се присетува тој.

Иако проектот пропадна, три клуба најавија дека не се откажуваат од идејата за таква лига и дека во иднина ќе ја реализираат. Тоа се Јувентус, Барселона и Реал Мадрид.

„Немам проблем со нив. Имаат традиција и ги почитувам, но повеќе не се замарам со нив“.

Триото поднесе тужба поради пропаднатиот проект, но тешко дека ќе го оживеат со оглед на тоа што најважните институции на Стариот континент ја поддржуваат УЕФА кога станува збор за оваа тема.

„И натаму добивам бесмислени тужби. Европскиот суд сѐ уште се нема изјаснето, но сите Влади на земјите од ЕУ нѐ поддржуваат, исто како и Европската комисија, Европскиот парламент и Владата на Обединетото Кралство“.

Чеферин уверува дека вистинските фудбалски вљубеници можат да бидат мирни - барем во наредните десетина години.

„Со сигурност во наредните 10 години нема да има Суперлига, бидејќи никој не ја сака, освен оние кои мислат дека фудбалот е само пари“, завршува тој.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе