Чеферин: Сите ме разочараа, но Барса најмалку

Претседателот на УЕФА си ја отвори душата по повод сагата со таканаречената Супер лига и откри дека најмалку е разочаран од постапките на каталонскиот клуб за кој гледа еден вид на оправдување.

Александер Чеферин направи опширно интервју за словенечкиот портал 24ur во кое, нормално, тема беа неодамнешните превирања околу контроверзниот проект на богатите, Супер лигата.

„Можам да кажам дека англиските клубови донесоа многу исправна одлука и ќе го имаме тоа предвид. Ја признаа својата грешка и сфатија колку не се во право. Сите грешиме. На некој начин бев разочаран од сите, но морам да кажам дека веројатно Барселона најмалку ме разочара“, вели претседателот на европската куќа на фудбалот.

„Лапорта беше многу скоро избран. Со него зборував два-три пати, беше под голем притисок поради финансиската ситуација која ја наследи. Тоа се случува кога ги преплатувате играчите, а немате резултати“, рече тој.

Ги пофали трите гиганта кои одбија да учествуваат во Супер лигата: Баерн, Борусија и ПСЖ.

„Погледнете го Баерн: немаат долгови и ја освоија Лигата на шампиони. Бев во постојан контакт со извршниот директор Карл-Хајнц Румениге и со Јоахим Вацке од Борусија Дортмунд. Тие многу ми помогнаа, како и претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелајфи, кој по секоја логика требаше да биде првиот кој ќе прифати учество во Супер лигата“.

Проектот за Супер лигата ведбаш откако беше објавен прилече куп негативни реакции, УЕФА и ФИФА се заканија со санкции, па мозинството клубови по само два дена се повлекоа.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе