Челси конечно продаден, Абрамович ги донира милијардите на Украинците

Косопственикот на Лос Анџелес Лејкерс, Тод Боли, се согласил да го купи Челси, соопшти лондонскиот клуб.

 

Боли, заедно со деловните партнери Марк Волтер, Хансјерг Вис и компанијата Clearlake Capital, се договорија да го преземат Челси за 3 милијарди евра.

Боли има 27 отсто од акциите во Лос Анџелес Лејкерс, а во својата деловна империја поседува и акции од безбол тимот Лос Анџелес Доџерс и WNBA тимот Лос Анџелес Спаркс.

Челси соопшти дека клубот официјално ќе биде префрлен во сопственост на Боли до крајот на месецот откако британската влада ќе издаде дозвола.

Remote video URL

Боли е 46-годишен американски бизнисмен со германско потекло, кој поминал дел од својот живот во Англија.

Според Forbes, Боли „тежи“ 4,5 милијарди долари, а освен во спортот, неговата деловна империја се шири и во многу други гранки како што се недвижнини, медиуми, развој на компјутерски игри, прехранбена индустрија...

Интересно е што во 2019 година тој му понуди слична сума на Роман Абрамович за купување на Челси, но рускиот олигарх тогаш ја одби понудата.

Но, сега мора да ја прифати, со оглед на санкциите што му беа наметнати како близок соработник на Путин. Парите што ги плаќа Боли ќе бидат префрлени на посебна сметка во Англија, а Абрамович се обврза да ја донира целата сума на украинскиот народ во хуманитарни цели.

Во договорот е дефинирано и дека Боли е обврзан да инвестира уште 2 милијарди евра во Челси во наредниот период.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе