Челси шокантно му врачи отказ на Тухел по поразот од Динамо Загреб

Фудбалерите на Челси останаа без тренер откако управата на клубот му врачи отказ на Томас Тухел поради лошиот старт на сезоната во англискиот фудбал и Лигата на шампионите.

Пред неколку минути беше објавена вест која го шокираше англискиот фудбал. Томас Тухел доби отказ од клупата на Челзи, што ретко кој можеше да го очекува, иако „Сините“ не блескаат на стартот од новата сезона.

Се чинеше дека Тухел имаше голема поддршка од раководството на клубот. Навивачите имаат голема доверба во него бидејќи пред година и три месеци му го донесе европскиот трон на клубот освојувајќи ја Лигата на шампионите. Сепак, малку ја изгуби довербата.

URL

„Сините“ на официјалниот сајт му се заблагодарија на германскиот стручњак за големиот придонес во изминатиот период.

„Се наближуваат 100 дена од доаѓањето на новата управа која верува дека е вистинско време за промени. Тухел засекогаш ќе има место во историјата на Челси како победник на Лигата на шампионите, европскиот Суперкуп и Светското клупско првенство“, стои во соопштението на Челси.

Клубот повеќе нема да се огласува додека не се најде нов менаџер. Англиските медиуми сè уште не почнале да шпекулираат со имињата и се чини дека беа фатени неподготвени од оваа неочекувана промена.

Пред Челси, 49-годишниот стручњак раководеше со Мајнц, Дормунд и Пари Сен Жермен.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе