Четири знаци дека почнувате да го губите слухот

Иако често мислиме дека губењето на слухот е нешто што им се случува само на постарите, тоа всушност не е така.

Според Американскиот национален институт за глувост и оштетување на слухот, секој осми човек на возраст над 12 години страда од губење на слухот на двете уши, а на околу 28,8 милиони возрасни Американци им требаат слушни помагала.

Аудиолозите за BuzzFeed ги открија главните знаци дека е време да го проверите вашиот слух.

Тешко ви е да учествувате во разговори

Ако постојано кажувате „Како?“ за време на разговор, можеби е време да го проверите вашиот слух.

„Напрегањето на слухот кога разговарате со други е голем проблем. Тоа може да вклучува потешкотии со слухот поради бучавата во позадина и редовно да барате од луѓето да го повторат она што го кажале“, вели аудиологот Тери Цволан.

Треба да ја зголемите јачината на телевизорот

Ако другите често ви велат да го намалите телевизорот, тоа е загриженост.

„Ако вашиот слух е оштетен, може да ја зголемите јачината на телевизорот или радиото на ниво што е погласно отколку што сакаат другите“, додаде Цволан.

Ушите ви ѕвонат

Иако зуењето во ушите (или тинитус) не е секогаш знак за губење на слухот, секако може да биде.

„Некои луѓе може да доживеат постојано ѕвонење, зуење, болка или притисок во едното или двете уши. Исто така, може да биде тешко да се слушне од едната страна, тешко да се разликува од каде доаѓаат звуците или вашиот сопствен глас може да звучи поинаку“, истакна Цволан.

Аудиологот Кејти Кобел забележува дека симптомите на тинитус се добра причина да го тестирате вашиот слух, особено ако сте ги искусуваат долго време.

Тешко слушате звуци од природата

Ако одеднаш не слушнете звуци од природата, како што се чврчорење на птици или дожд, ова може да биде сигнал за тревога.

„Некои луѓе со оштетен слух имаат проблеми со секојдневните звуци, како што се звуците од семафор, вода што врие или ѕвоното на вратата“,удиологот Ејми Бишоп.

Тагови
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Здравје

Витаминска бомба против пролетен умор

Read more

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Намалете ги слатките: 8 знаци дека консумирате премногу шеќер

Read more
 

Магазин

Витаминска бомба против пролетен умор

Читај повеќе

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Читај повеќе
  • play_arrow

Бургер на едноставен начин

Читај повеќе

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Читај повеќе

Во кој случај не треба да земете домашно милениче?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Читај повеќе

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Читај повеќе