Човекот обвинет за убиството на Тупак Шакур за прв пат се појави на суд

Двејн „Кеф Д“ Дејвис, поранешниот водач на банда обвинет за убиство на познатиот рапер Тупак Шакур во 1996 година, за прв пат се појави пред судот во Лас Вегас.

Тупак Шакур

Рочиштето е закажано за 19 октомври. За потсетување, 60-годишниот Дејвис е обвинет по една точка за убиство со смртоносно оружје. Полицијата соопшти дека тој го планирал пукањето во кое загина Тупак, откако неговиот внук претходно бил вклучен во тепачка со Тупак во казино. Дејвис беше уапсен кон крајот на септември во близина на неговиот дом во Лас Вегас.

Сестрата на Тупак: Ова е клучен момент

Грег Кадинг, пензиониран полициски детектив од Лос Анџелес, кој со години го истражуваше убиството на Тупак, рече дека не бил изненаден од апсењето на Дејвис. Сите други директни осомничени или учесници се мртви, рече Кадинг. Сестрата на Тупак, Секјуа „Сет“ Шакур го опиша обвинението како победа.

„Ова е без сомнение клучен момент. За мене е важно светот, државата, правосудниот систем и нашиот народ да ја препознаат тежината на смртта на мојот брат, синот на мајка ми, синот на татко ми“, рече таа.

Во судот, обвинителот Марк Дијакомо го опиша Дејвис, поранешниот водач на уличната банда Саут Сајд Комптон Крипс, како командант на лице место кој ја наредил смртта на Тупак. На прес-конференција, полицаецот Џејсон Џохенсон рече дека полициската упорност во истрагата на крајот се исплатела пред да објасни што довело до откритието.

Како беше откриен Дејвис?

Орландо Андерсон, починатиот внук на осомничениот и Тупак биле вмешани во тепачка во казино непосредно пред раперот да биде убиен на 7 септември 1996 година. Тој починал во болница неколку дена подоцна. Џохенсон на новинарите им покажа снимка од безбедносните камери на хотелите на кои се гледа како Андерсон е претепан. Тој рече дека тоа на крајот довело до одмаздничко стрелање на Тупак додека чекал во својот автомобил на црвено светло.

Полицијата вели дека брзо станало очигледно дека станува збор за злосторство поврзано со банда, а случајот бил истражуван повеќе пати. Но, дури во 2018 година, кога се појавија нови информации, случајот повторно заживеа. Полицијата, исто така, го наведе сопственото признание на Дејвис за медиумите дека тој бил во возилото од кое се пукало. На истата прес-конференција, шерифот Кевин Мекмахил рече дека семејството на Тупак чекало 27 години за правда.

„Имаше многу луѓе кои не веруваа дека убиството на Тупак Шакур е важно за овој полициски оддел. Тука сум да ви кажам - едноставно не беше. Нашата цел во спроведувањето на законот отсекогаш била да ги најдеме одговорните за Насилното убиство на Тупак“, додаде шерифот.

Дејвис од претходно им е познат на инспекторите бидејќи претходно признал дека бил во кадилакот од кој бил застрелан Тупак. Тој се опиша себеси како еден од последните сведоци на пукањето. Апсењето се случи два месеци откако полицијата во Лас Вегас го пребара домот на неговата сопруга во соседниот Хендерсон, барајќи предмети поврзани со убиството на Тупак.

Полицијата соопшти дека земала неколку компјутери, мобилни телефони, хард дискови, списание Vibe со Тупак на насловната страница, неколку куршуми, фотографии и мемоарите на Дејвис, Compton Street Legend, во тоа време.

Тупак беше убиен пред 27 години

Да потсетиме, Тупак беше убиен на 7 септември 1996 година. Тој бил во BMW управувано од основачот на Death Row Records, Марион Најт. Додека чекале на семафор, покрај нив застанал бел кадилак и започнала престрелка во која Тупак бил застрелан повеќе пати. Починал една недела подоцна.

Четвртиот албум на Шакур, All Eyez On Me, беше на врвот на топ листите во тоа време и продаден во околу пет милиони копии. Во времето на убиството, тој се скарал со музичкиот ривал Биги Смолс, познат како Notorious B.I.G, кој беше смртно застрелан во март 1997 година.

Дејвис е последниот жив човек кој бил во возилото од кое бил застрелан Тупак.

Тагови
реклама

Музика

Топ 10 музичари со кои никој не сака да соработува

Read more

Здравко Чолиќ откри за што најмногу жали во својата кариера

Read more

8 декември 1980 – убиен бил Џон Ленон

Read more

Сребрени крилја – нова песна на Натали Балмикс, Мартија и Young Dadi

Read more
 

Видео

  • play_arrow

Како функционира бункер бомбата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Глупави фејлови што го срушија интернетот

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортска фејл компилација: Глупави спортисти

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 20 најлоши реклами на сите времиња

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејл компилација идиоти на работа

Читај повеќе
  • play_arrow

Ракун задеваше мачка, па доби ќотек

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 музичари со кои никој не сака да соработува

Читај повеќе
  • play_arrow

Како реагираат различни познати личности кога ќе се лизнат?

Читај повеќе

Здравко Чолиќ откри за што најмногу жали во својата кариера

Читај повеќе