Поп пејачката Никол Шерзингер објави две фотографии од патувањето на Хаваи, каде што вереникот Том Еванс ја изненадил со прстен на плажа.
Шерзингер (44) не можеше да го сокрие задоволството.
Реков „да““, напиша кратко таа во описот на фотографиите, додека Том (38) на својата идна сопруга ѝ рекол: „Моја засекогаш“.
Извори блиски до парот изјавија за Page Six дека тие долго време зборувале за својата иднина.
Никол и Том се запознаа во 2019 година кога поранешната рагби ѕвезда учествуваше во The X Factor: Celebrity со бендот Try Star. Извесен период се шпекулираше за нивно раскинување, но и двајцата потврдија дека сè уште се во врска.