На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Plavi orkestar“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Suada“, „Kaja“, „Bolje biti pijan nego star“, „Sava tiho teče“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето Нов примитивизам (Novi primitivizam), во кое беа вклучени и „Zabranjeno Pušenje“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во 80-тите и 90-тите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.