Чудни ковид симптоми за кои ретко се зборува

Досега знаеме дека кашлица, висока температура, болки во телото се вообичаени знаци на ковид. Но, покрај овие типични знаци, некои луѓе имаат искусено и невообичаени симптоми на вирусот за кои малку знаеме.

Научниците уште учат за чудните симптоми кои се појавуваат кај некои луѓе, а кај други не, пишува Eat This, Not That.

Губење на мирисот и вкусот

Доктор Али Џемдор вели дека губењето на осетот за мирис и вкус веќе го препознаваме како вообичаен знак на инфекција на „оригиналниот“ сој на коронавирусот. Кај заразените со делта помалку се зборува за овој симптом, а откако омикрон стана подоминантен сој, за тоа не се ни зборува.

Некои луѓе без овие сетила биле неколку часа, други останале неколку денови, а на некои не им се вратиле ни по повеќе од една година.

Не постои медицинско објаснување за ова, но за среќа има сè помалку забележани случаи.

Дијареја

Доктор Мајкл Хирт од Универзитетот Харвард вели дека повеќето луѓе кои се борат со овие симптоми поради ковид мислат дека имале труење со храна или едноставно изеле нешто што не им одговара.

Ова е толку чест симптом што јавното здравство анализира примероци од отпадни води за да ја следи изложеноста на вирусот.

Осипи по кожата

„Осипите се навистина чуден симптом на ковид. Се појавуваат на телото, главата, дури и на ножните прсти и изгледаат како модрици. Многу луѓе кои се заразуваат со омикрон добиваат силни болки во грлото, а тоа не беше случај со претходните соеви. Изгледа дека луѓето или имаат минимално затнат нос и ги боли грлото или навистина се разболуваат со главоболка, вртоглавица, кашлица и висока температура“, објаснува доктор Тереса Барлет.

Тинитус

Тинитус или зуење во уво повремено пријавуваат пациенти заразени со ковид или откако примиле вакцина против ковид.

Тинитус обично е знак на оштетување на внатрешното уво. Директна врска меѓу тинитус и ковид не е потврдена, една од можностите е дека се појавува кај заболените од ковид. Ако се утврди оваа врска, пациентите кои се под поголем ризик од губење на слухот (оние кои имаат дијабетес, срцеви заоблувања или некоја друга причина) ќе бидат поранливи и заболувањето од ковид би можело да ги забрза патолошките процеси.

Симптоми во устата

Според стоматологот Манси Оз, вирусот се врзува за клетките во устата. На тој начин влегува во крвотокот и се шири низ телото. Резултат на тоа може да бидат симптоми кои би ги забележале во устата како губење на вкус, бели наслаги на јазикот, промени на бојата и текстурата и слично.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе