ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020

ЦИВИЛ: Кршење на изборниот молк и други изборни нерегуларности

Мониторинг на ЦИВИЛ: Кршењето на изборниот молк и други изборни нерегуларности се интензивираат во последните 24 часа.

ЦИВИЛ издаде соопштение врз основа на извештаите од набљудувањето на изборниот процес за периодот од вчера во 12 часот напладне до 12 часот денеска. Според соопштението, набљудувачите на ЦИВИЛ веќе од почетокот на изборниот молк на полноќ 13 јули, бележат бројни случаи на кршење на изборниот молк, а во изминатите 24 часа недозволените активности на политичките партии се интензивираат.

КОЛКУ МИНИСТЕРСТВА ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ИМА ВО ЗЕМЈАВА?

Ова соопштение ЦИВИЛ го започнува со случајот на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев. Се работи за специфичен случај кој може да се доведе во врска со повеќе облици на изборни нерегуларности, вклучувајќи го и кршењето на изборниот молк, но и злоупотреба на службената положба и на јавните ресурси.

Да се задржиме само на еден аспект од случувањата.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, и за време на изборен молк води политичка кампања, и на својот Facebook профил напиша: „Владата предводена од Оливер Спасовски се подготвува за изборен поткуп и во таа насока денес, во момент кога дел од граѓаните го остваруваат гласачкото право, беа поништени 20 решенија и наредби за распоредување на вработени во Министерството за внатрешни работи, а потпишани од моја страна… 20 полициски службеници помалку, се ништо наспроти силната волја и решеност да ставиме крај на криминалното работење на СДСМ“.

Воедно, во текот на вчерашниот ден, јавноста беше запознаена и со неколку случаи на приведување, односно повикување на „информативен разговор“ на неколку јавни личности поради кршење на изборен молк, поврзан со фамозниот пост „да се пречкрта Северна на гласачкото ливче“, но исти или слични објави од спротивставената политичка партија, не беа предмет на ваква полициска „обработка“. Во врска со двојните аршини на техничкиот министер, со објаснување дека слободата на говорот не е кривично дело, се јави заменик министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

МЕДИУМСКИ МАНИПУЛАЦИИ

Интернет порталот „Порталб“ пред да настапи изборниот молк, објави анализа на прогнозите за изборните резултати од аналитичарот Роберт Несими.

Порталите, блиски до одредена политичка партија, ја објавиле анализата за време на изборниот молк во текот на вчерашниот ден, но, со „малку“ поинакви резултати. Тие прикажале резултати во корист на партијата што ги контролира, односно, различни од тие што се прикажани во анализата на Несими. Значи, освен кршење на изборниот молк, тука имаме и случај на ширење дезинформации.

Во предизборниот период се забележува зголемена активност на одредени интернет портали чиишто содржини се наменети исклучиво за ширење лажни вести и дезинформации, со намера да се создаде искривена претстава за одредени политички структури пред јавноста.

КРШЕЊЕ НА ИЗБОРНИОТ МОЛК СО СПОНЗОРИРАНИ ПРОПАГАНДНИ СОДРЖИНИ

Високи функционери и лидери на политички партии, како и нивни активисти се впуштаат во неконтролирана онлајн пропаганда, како да е просечен ден од изборна кампања, а не изборен молк.

И во вториот изборен ден од изборниот молк, речиси сите политички партии продолжуваат да го кршат изборниот молк, со тоа што на Facebook сè уште им течат спонзорирани видеа со пропаганден материјал.

Една од предизборните коалиции вчера претпладне ги стопираше спонзорираните објави на Facebook, но Мониторинг тимот на ЦИВИЛ бележи дека има уште една спонзорирана објава на еден кандидат за пратеник од истата коалиција, која сè уште е активна.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ бележи и дека една политичка партија има објавено 11 спонзорирани видео содржини на Facebook, и едно интервју од лидер на партија, за една национална косовска телевизија.

Понатаму, мониторингот на ЦИВИЛ бележи осум спонзорирани содржини кај друга поголема политичка партија, а на топ листата се редат и другите политички партии. Така, една политичка партија има седум спонзорирани содржини, две имаат по три, две партии имаат по две и две политички партии имаат по една спонзорирана содржина на социјалните мрежи, што претставува кршење на изборниот молк.

Вкупно, Мониторинг тимот на ЦИВИЛ бележи 39 спонзорирани содржини на социјалната мрежа Facebook, (во кои не влегуваат и вчерашните 8 содржини кои се веќе стопирани од една од коалициите). Политичките реклами се забележуваат и на онлајн игрите и понатаму.

НЕПОЗНАТИ НАРАЧАТЕЛИ И ЦРНА ПРОПАГАНДА

Но, покрај официјалните Facebook профили на политичките партии или кандидати за пратеници, Мониторинг тимот на ЦИВИЛ регистрира и 12 Facebook страници кои спонзорираат политички видео спотови без нарачател, а содржината е, пред сè, во категоријата црна пропаганда за одредена политичка партија.

За една партија се објавени 7 содржини со црна пропаганда од седум различни Facebook страници.

За друга политичка партија се објавени 3 содржини со црна пропаганда од две Facebook страници.

Од една Facebook страница, за една политичка партија има едно видео со црна пропаганда.

Во еден случај, на Facebook страница е објавено спонзорирано видео со ексклузивни снимки со екстремно физичко насилство врз пратеник, на 27 април 2017 година во македонското Собрание.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ досега архивираше десетина спонзорирани пропагандни видеа и фотографии на политичките партии, но истите ќе ги објави по завршување на изборниот молк, односно по завршување на изборите.

Вниманието на Мониторинг тимот на ЦИВИЛ го привлече и социјалната мрежа Тик-Ток, на која се објавуваат видео содржини со пропагандни пораки, кои претставуваат кршење на изборниот молк.

Говорот на омразата, лажните вести и дезинформациите, како и кршењето на изборниот молк не стивнуваат ниту на социјалната мрежа Twitter.

За сите случаи наведени овде, како и во онлајн системот на ЦИВИЛ постојат фото и видео записи, како и прецизни податоци и факти, кои ќе бидат презентирани во јавноста по завршување на изборниот молк.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Read more
 

Вести

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе