Џафери: Две третини од пратениците се вакцинирани, наскоро Парламентот ќе се нормализира

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во интервју за емисијата „Само интервју“ на телевизијата Канал 5, изјави дека кај пратениците има голем интерес да се вакцинираат и оти очекува работата на Парламентот да се нормализира кон средината на мај.

– Две третини од пратениците се вакцинирани до 16 часот. Немам информации уште колку се вакцинирале до 18 часот. Но, интересот за вакцинација кај пратениците е голем, вели Џафери.

Тој не сакаше да ја коментира изјавата на пратеникот Павле Трајанов дека меѓу парламентарците „постои разочарување“ што биле вакцинирани со Спутник V, а им било ветено дека ќе добијат вакцини од Pfizer.

– Нема такво ветување. Важно е вакцините да се ефикасни. Не треба да се политизира имунизацијата, нагласи Џафери, на прашањето дали се согласува што е вакциниран со руската Спутник V.

Џафери потенцира дека иако на пратениците им било понудено да се имунизираат порано, тие го препуштиле својот ред на ризичните групи. Во Собранието прво биле вакцинирани собраниските служби оти двајца вработени во службите починале како последица на COVID-19.

– Очекувам работата на Парламентот да се нормализира кон средината на мај. Да се вратиме во нормални услови за работа, во салата предвидена за пленарни седници каде има систем за електронско гласање, вели Џафери.

Тој го повтори уште еднаш ставот дека двајцата пратеници во скафандер гласале оти тоа им го овозможува Протоколот за работа на Собранието подготвен од Комисијата за заразни болести.

Џафери посочи дека за време на пандемијата многу европски парламенти се одлучиле да работат онлајн и тој сакал да биде воведено вакво работење и на нашето Собрание, па затоа подготвил Предлог-Деловник, но по 3.000 амандмани поднесени од опозицијата, тој го повлекол својот предлог.

реклама

Свет

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more
 

Вести

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе