Дали е ова најбавниот спринт во историјата на атлетиката?

Неверојатна приказна ни доаѓа од Светските универзитетски игри во Кина каде вниманието на светските медиуми го привлече анонимна сомалиска спринтерка.

Имено, на трката во 100 метри во женска конкуренција на патеката во Ченду се појави и Насра Абукар Али од Сомалија. Уште на стартот на трката на видеата станува јасно дека не се работи за тренирана атлетичарка, а судејќи по конституцијата на телото, дефинитивно не е ниту спринтерка.

Откако Насра истрча со „неверојатно“ време од 21,81 секунда, речиси 10 секунди побавно од останатите, многумина се запрашаа како таа воопшто се нашла во трката на 100 метри.

URL

Некои извори велат дека станува збор за внука на потпретседателката на Сомалиската атлетска федерација, Хадиџо Аден Дахир, која по овој скандал е суспендирана од функцијата. За нејзината суспензија јавно објави Министерството за млади и спорт на земјата.

URL

Во јавноста излезе и извинување од министерот за спорт на Сомалија, Мохамед Баре Мохамуд, кој истакна дека не знае како 20-годишната Насра била избрана да ја претставува Сомалија во трката на 100 метри, а отиде и чекор понапред изјавувајќи дека настапот на оваа млада „атлетичарка“ е срам за целата нација.

Министерката Дахир дури и јавно ѝ честитала на Насра за тоа што влегла во репрезентацијата на Сомалија за Игрите во Кина.

Светските универзитетски игри на ФИСУ се наменети за студенти-атлетичари и се организираат на секои две години.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Останати спортови

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Read more

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Read more

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Read more

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе