Дали е подобро да вежбате кардио пред или по кревање тегови?

А.С.
/ 27.10.2022 / 20:38

Ова е едно од најчестите прашања што клиентите ѝ ги поставуваат на тренерката Стефани Мансур кога ќе почнат да напредуваат во тренинзите.

Луѓето обично го започнуваат своето фитнес патување само со кардио или само тренинг за сила. Или го вежбаат едното, па другото во анизменични денови. И кога ќе почнат да ги комбинираат двете форми на физичка активност во еден тренинг, не знаат што треба прво да направат.

„Кардиото може да биде одличен вовед во тренинзите со тегови, како и одличен финиш. Ако вежбате кардио со поголем интензитет, би можеле да потрошите многу енергија, што ќе ве исцрпи за вежбите за сила. Но, ако се одлучите за пешачење со умерено темпо, веројатно нема да бидете премногу уморни потоа за вежби за сила“, објаснува Мансур.

Придобивките од кардио пред кревање тегови

Кардио пред тренинг со тегови е оптимален избор доколку сакате да ја зголемите издржливоста. Тоа е затоа што вежбањето кардио одзема енергија од енергетските резерви потребни за одржување на аеробни или кардиоваскуларни вежби.

Вежбањето кардио пред кревањето тегови ја зголемува кардиоваскуларната издржливост. Покрај тоа, вежбањето со тегови со исцрпени резерви на енергија, исто така, ја зголемува мускулната издржливост. Целта да се зголеми издржливоста е одлична цел за тркачите на долги патеки или маратонците, бидејќи ја подобрува отпорноста на замор и ги развива мускулните влакна со бавно грчење потребни за спортови базирани на издржливост.

Можете исто така да гледате на кардио како загревање. Пешачењето кое нема да ве измори физички е одлична форма на подготовка за кревање тегови.

Придобивките од кардио по кревање тегови

Правењето кардио после тренинг со тегови е идеално ако сакате да изгубите маснотии и да станете посилни. Градењето мускулна маса е исто така пожелно за губење маснотии бидејќи се покажа дека го забрзува метаболизмот.

„Ако штотуку почнувате да вежбате, ве охрабрувам да се придржувате до она што делува. Значи, ако се чувствувате мотивирани да прошетате 20 минути и сакате да го додадете тренингот за сила, пешачете бидејќи тоа е веќе дел од вашата рутина. Тогаш можете да додадете тренинг за сила. Или, ако сега правите вежби за сила со тегови и сакате да ги интензивирате, започнете со кардио откако ќе завршите со теговите. Клучот е да работите во хармонија со вашето тело и постоечките навики за да продолжите да го подобрувате вашето целокупното здравје“, заклучува Мансур.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Фит

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more
 

Магазин

5 знаци дека сте во токсична врска со себе

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 20 мегапроекти што ќе бидат завршени во 2024 година

Читај повеќе

Како да ги избришете гребнатините на паркетот?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Читај повеќе

Зависноста од шеќер е реален проблем: Кои се симптомите и како да ја надминете?

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најлегендарни изгубени градови

Читај повеќе

Вечна дилема: Колку студот влијае на вкусот на пивото?

Читај повеќе