Дали треба да консумирате повеќе сол ако вежбате?

Ф.З.
/ 02.07.2021 / 20:54

Ако редовно вежбате, веројатно ве советувале дека треба да започнете да внесувате дополнителна сол во вашата исхрана. Солта наводно помага во закрепнување на мускулите. Сепак, се поставува прашањето колку е точно ова тврдење.

Како прво, важно е да знаете како да разликувате сол (што е додаток на храна) и натриум (природна хранлива материја). Натриумот сочинува околу 40% сол, но може да се најде и во некои млечни производи (млеко и јогурт), жолчки и целер.


Според Националната здравствена служба на Англија, возрасните не треба да консумираат повеќе од 6 грама сол на ден (што е еквивалентно на 2,4 грама натриум). Тоа е околу една кафена лажичка. Сепак, наведената сума треба да се смета како максимално дозволена, а не препорачана.

Тековните податоци покажуваат дека повеќето луѓе во Англија консумираат околу 8,1 грама сол на ден. Главно се наоѓа во сувомеснати производи, леб, житарици, сирења, сосови и готови јадења. Според истражувањето на Универзитетот Харвард, на човечкото тело му требаат околу 500 мг натриум дневно за да ги релаксира мускулите и да одржува правилна рамнотежа на вода и минерали. Ова може да го постигнете многу лесно ако се осигурате дека ја јадете претходно наведената храна на балансиран начин.

Луѓето кои вежбаат многу или премногу се потат може да доживеат грчеви во мускулите. Тие исто така можат да се појават при изведување тренинг за издржливост. Сепак, ова може да се случи само кај професионални спортисти кои премногу се форсираат. Повеќето луѓе кои редовно одат во теретана или трчаат немаат причина да се грижат за губење сол. Всушност, вистинскиот проблем лежи во консумирањето премногу сол. Премногу натриум е поврзан со ризик од висок крвен притисок, што може да доведе до мозочен удар.

Исто така, може да доведе до лошо здравје на коските и мозокот. Едно ново истражување објавено во списанието Circulation откри дека големи количини на натриум можат да влијаат на имунитетот и да го нарушат респираторниот систем.

Експертите сметаат дека не е важно каков вид сол јадете. Хималајската и кујнската сол имаат скоро исти својства. Некои производители тврдат дека нивната сол содржи и некои други микроелементи, но тие се во занемарливи количини. Без разлика колку пари ќе потрошите на пакување сол, натриумот останува натриум.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фит

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Read more

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Read more

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе