ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Дерби во Манчестер: Лесен „залак“ за Пеп или „спас“ за Оле?

Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ќе се сретнат во 18:30 часот во натпреварот од 12-тото коло во Премиер лигата.

Манчестер Јунајтед - Манчестер Сити (18:30 часот)

Стадион: Олд Трафорд

Судија: Крис Кавана

Ова ќе биде 183. дерби по ред во Манчестер. Првото се одигра во 1881 година.

Соседите оддалечени само 4,2 километри, на табелата се оддалечени само еден бод и моментално се наоѓаат на седмото, односно осмото место. Јунајтед има еден бод повеќе од својот градски ривал.

„Црвените ѓаволи“ се во серија од четири победи во Премиер лигата, додека „Граѓаните“ врзаа две.

Сепак, Манчестер Јунајтед влегува во овој натпревар по поразот од Лајпциг и испаѓањето од Лигата на шампиони, што не се очекуваше по победата над ПСЖ во Париз и уривањето на Лајпциг на домашен терен.

Јунајтед продолжува да се натпреварува во Лига Европа и тоа веќе е голем неуспех за славниот клуб од „Олд Трафорд“.

URL

Сити рутински ја „преора“ својата група со Порто, Олимпијакос и Марсеј, бидејќи освои 16 од максималните 18 поени.

Оле Гунар Солскјер е под голем притисок и ова е неговиот голем натпревар со кој ќе се „спаси“.

Денес тој ќе биде без Единсон Кавани и Антони Марсијал, а на списокот повредени е и Фил Џонс, кој додуша не ни игра.

Пеп Гуардиола нема да може да смета на Ерик Гарсија и Илкај Гиндоан.

Последните две дербија во Премиер лигата му припаднаа на Јунајтед, кој славеше со 2:0 и 2:1 и на домашен терен и на гости.

Во меѓувреме, тие се сретнаа и во полуфиналето на Лига купот, кога Сити отиде понатаму по 3:1 и 0:1.

Последниот натпревар во Премиер лигата се одигра во март, а тогаш стрелци беа Марсијал и Мектоминеј.

Манчестер Сити денес е повторно фаворит и сигурно ќе нѐ очекува интересен натпревар.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе