ДИК ги потврди новите пратеници во Собранието

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници: Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, Рина Ајдари за ИЕ6 од ДУИ, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, и двајцата во ИЕ2 од Коалицијата „Можеме“.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски информира дека го разгледале известувањето од претседателот на Собранието со кое, како што рече, нѐ информира дека Собранието на денешната седница ги констатира оставките на пратениците Игор Дурловски од Изборна единица 5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, на Бајрам Реџепи од ИЕ 6 од ДУИ, Мухамед Зекири од Коалицијата „Можеме“ и Сања Лукаревска од ИЕ2 од Коалицијата „Можеме“.

ДИК на новите четворица пратеници ќе им издаде уверение за избран пратеник во Собранието. Членовите на ДИК едногласно го усвоија овој Извештај, кој потоа ќе се достави до Собранието за понатамашно постапување.

Членовите на ДИК ја изгласаа и Предлог-одлуката за авансни средства за подрачните одделенија Кичево и Штип со цел да им се помогне на овие подрачни единици да ги остварат своите надлежности во врска со претстојните вонредни избори за градоначалници во Пласница и во Штип.

Тагови
реклама

Македонија

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Read more

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Read more

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Read more

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more
 

Вести

  • filter

Русите жестоко напредуваат, Украинците бесни: Ова е вистинската ситуација на бојното поле, нѐ лажат

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе
  • filter

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Читај повеќе

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе