Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, во светот со коронавирус досега се заразени 9.422.847. Од нив починале 481.441, а оздравеле 5.092.693 луѓе.

– Во Србија се регистрирани 143 нови случаи на заразени со COVID-19. Нема нови починати.

– Во Косово вчера се потврдени 52 новозаболени од COVID-19, 39 излекувани и ниту еден починат. Вкупно, од почетокот на пандемијата, евидентирани се 2.268 позитивни на новиот коронавирус, од кои 1.108 излекувани и 38 починати, така што бројката на активни заболени изнесува 1.122. Вчера се извршени 302, а од почетокот на пандемијата, вкупно 22.133 тестирања.

– Словенија од утре ја трга Црна Гора од списокот на COVID-19 безбедни земји.

– Хрватска донесе одлука да воведе двонеделна самоизолација граѓаните кои влегуваат во земјата од Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и од Косово. – Овие луѓе ќе бидат обврзани да поминат 14 дена во самоизолација. Обврската не се однесува на оние кои транзитираат низ овие земји, рече министерот за внатрешни работи и шеф на Штабот за цивилна заштита Давор Божиновиќ на вонредна прес-конференција.

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 22 новозаразени со коронавирусот, со што вкупниот број изнесува 2.388, соопшти Националниот штаб, кој реши да ги заостри мерките на границите со земјите од регионот. Во Хрватска се тестирани 73.738 лица од почетокот на епидемијата. Бројот на починати изнесува 107 лица, а активни се 139 случаи.

– Во Грција во изминатите 24 часа се регистрирани 8 нови случаи на COVID-19. Во земјата има 3.310 заразени лица со новиот коронавирус.

– Од направени 1.405 тестови, на Кипар е регистриран само еден нов случај на COVID-19 од тестирањата по случаен избор на аеродромите. Од почетокот на епидемијата, во земјата има 991 позитивно лице.

– Бројот на починати од коронавирус во Обединетото Кралство денеска се зголеми за 154 на вкупно 43.081, објави британската Влада. Обединетото Кралство е трета земја во светот со најголем број смртни случаи од COVID-19 по САД и Бразил. Новозаразени се 652 лица, со што вкупниот број достигна 306.862. Обединетото Кралство е петта земја во светот по број на заразени, по САД, Бразил, Русија и Индија.

 – Министерството за здравство на Ирак денеска соопшти дека во земјата се пријавени уште 2.200 новозаразени од коронавирус и 79 смртни случаи. Вкупниот број заразени се зголеми на 36.702, додека вкупно 1.330 лица починаа како резултат на вирусот.

Тагови
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Свет

Путин ги откажа парадите на 9 мај: Стравот од украински напад е посилен од традицијата

Read more

Русите жестоко напредуваат, Украинците бесни: Ова е вистинската ситуација на бојното поле, нѐ лажат

Read more

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Read more

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Read more
 

Вести

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Читај повеќе

По осми пат ќе се одржи Today It's All About Jazz во Скопје

Читај повеќе

Повик за учество на млади поети на „Отскочна даска #3“ во рамките на 4. Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Читај повеќе

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција за новата влада е само ВРЕДИ

Читај повеќе

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Читај повеќе

Путин ги откажа парадите на 9 мај: Стравот од украински напад е посилен од традицијата

Читај повеќе

Остар пад на доларот

Читај повеќе

Велигденски концерт на НУ Охридско лето со женскиот хор Менада

Читај повеќе