НБА 2021/22

Дончиќ го сруши Бостон, Дурент го реши дербито на Њујорк и го прозва градоначалникот

Изминатово деноноќие се одиграа 8 натпревари во НБА лигата, а главни херои беа Лука Дончиќ и Кевин Дурент.

Далас гостуваше во Бостон и се чинеше дека домашната екипа ќе победи бидејќи на полувремето водеше со 47:38. Сепак, во вториот дел се разигра Дончиќ и на крајот му донесе триумф на својот тим со резултат 95:92.

Во самиот финиш на натпреварот најпрво погоди тројка за израмнување, а потоа му асистираше на Спенсер Динвиди за победа.

Одличниот Словенец натпреварот го заврши со 26 поени, 8 скока и 8 асистенции, додека на другата страна најдобар беше Џејсон Тејтум со 21 поен и 11 скока.

Бруклин го победи Њујорк во градското дерби благодарение на маестро Дурент.

Дурент натпреварот го заврши со дури 53 поени, 6 скока и 9 асистенции, а целата одговорност мораше да ја преземе на себе бидејќи Кајри Ирвинг сѐ уште не може да игра.

Remote video URL

Ирвинг оваа сезона првпат беше на паркетот во Бруклин бидејќи градските власти дозволија невакцинирани гледачи да влезат во салата, но забраната сѐ уште важи за играчите и за сите останати на теренот.

По средбата, Дурант на прес-конференција го повика градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс, велејќи му дека таквата одлука е смешна и го повика да му дозволи на Ирвинг да игра и натпревари.

Резултати:

Бруклин Нетс - Њујорк Никс 110:107
Детроит Пистонс - Лос Анџелес Клиперс 102:106
Бостон Селтикс - Далас Маверикс 92:95
Орландо Меџик - Филаделфија 76ерс 114:116
Атланта Хокс - Индијана Пејсерс 131:128
Њу Орлеанс Пеликанс - Хјустон Рокитс 130:105
Оклахома Сити Тандер - Мемфис Гризлис 118:125
Феникс Санс - Лос Анџелес Лејкерс 140:111

Табела:

Standings provided by SofaScore LiveScore
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Кошарка

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Read more

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе