Дончиќ и Ирвинг одиграа натпревар каков што ретко се гледа

Лука Дончиќ постигна 42 поени, а Кајри Ирвинг додаде 40 за Далас Маверикс, кои во синоќа ги совладаа Филаделфија 76ерс со 133:126.

Дончиќ и Ирвинг испишаа историја за Мавс и целата НБА лига со своите учиноци. Тие станаа првите играчи на Далас кои постигнале 40 или повеќе поени на ист натпревар и само петтиот пар што го постигнал тоа во последните 30 години во натпреварите во НБА без продолженија.

Пред нив во тој период успеаја да го направат истото само:

Ентони Едвардс (42), Карл-Ентони Таунс (41), Минесота Тимбервулвс, 18 март 2021 година.

Пол Џорџ (46), Кави Леонард (42), ЛА Клиперс, 13 декември 2019 година.

Ендрју Вигинс (41), Карл-Ентони Таунс (40), Минесота Тимбервулвс, 9 април 2017 година.

Мајкл Џордан (44), Скоти Пипен (40), Чикаго Булс, 18 февруари 1996 година.

Серијата на 76ерс донесе драма на натпреварот

Понесена од одличната игра на Џоел Ембиид, Филаделфија од 89:110 на крајот на третата четвртина стигна до 106:110 на помалку од девет минути до крајот на натпреварот. Далас одговори со враќање на Дончиќ во игра, а откако тој и Ирвинг завршија неколку напади, водството се врати на +10 за Мавс. Натпреварот потоа беше доведен во помирна завршница.

Дончиќ покрај 42 коша (тројки 7/13, вкупни 13/22), имаше и 12 асистенции. Ирвинг имаше уште подобар шут. Погоди 6/8 за три поени, а вкупни 15/22. Најдобри играчи кај 76ерс беа Ембиид со 35 поени и осум скока, Џејмс Харден со 27 поени и 13 асистенции и Тајрис Макси со 29 поени.

Никој како Дончиќ

Ова беше шести натпревар за Дончиќ сезонава во кој имаше 40 или повеќе поени и 10 или повеќе асистенции. Никола Јокиќ има три, Демијан Лилард има два, а по нив никој во НБА нема повеќе од една сезонава. Маверикс реализираа 25 тројки од 48 обиди. Со тоа го израмнија рекордот на франшизата по бројот на реализирани шутеви за три поени. Го поставија во 2021 година против Њу Орлеанс Пеликанс.

Remote video URL
НБА лига, резултати:

Вашингтон Визардс - Торонто Репторс 119:108

Далас Маверикс - Филаделфија 76ерс 133:126

Сан Антонио Спарс - Индијана Пејсерс 110:99

Голден Стејт Вориорс - ЛА Клиперс 115:91

реклама

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Кошарка

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Read more

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Read more

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе