Драстично поскапеа горивата во Германија

Откако истече времетраењето на владините мерки за субвенционирање на цените на горивата, цените на бензините и дизелот во Германија од ноќеска драстично поскапеа, соопшти Генералниот германски автомобилски клуб (ADAC).

„Од вчера до денеска бензините поскапеа во просек за 25 центи, а дизелот за 10 центи по литар“, соопштија од ADAC.

Во правилото цената на литар гориво на сите бензински пумпи ја надминуваше границата од две евра. Германската Влада во јуни го намали данокот на нафтените деривати на дозволениот минимум за три месеци, што теоретски овозможи намалување на цената на горивото за 35 центи за бензинот и 17 центи за дизелот.

URL

ADAC смета дека нафтените компании во ниту еден момент не ја искористија целосната можност за намалување на цената на горивото, која не падна значително за време на летниот распуст и ја зголеми побарувачката.

-Уште од објавувањето на мерките за намалување на даноците, постоеше голема недоумица дали нафтените компании ќе ги префрлат намалените трошоци врз крајните корисници, рече Катрин ван Ранденборг од ADAC.

Нема оправдување ни за последното поскапување, тврдат од најголемиот европски автомобилски клуб.

Претставниците на нафтените компании зголемувањето на цените го оправдуваат со растот на побарувачката, намалениот капацитет на рафинериите и логистичките проблеми.

Од самиот почеток на мерките голем дел од јавноста ја критикуваше владината одлука за поевтинување на горивото и воведување субвенциониран билет за јавен превоз, што беше окарактеризирана како контрадикторна мерка.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Авто новости

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе