Дурент и Nike потпишаа доживотен договор

НБА ѕвездата Кевин Дурент тргна по стапките на Мајкл Џордан и Леброн Џејмс. Асот на Феникс Санс потпиша доживотен договор со производителот на спортска опрема Nike.

Соработката на Дурент со Nike датира од 2007 година, а досега имаат издадено 15 различни оригинални патики.

„Кога првпат потпишав со Nike, никогаш не можев да сонувам до каде ќе оди нашето партнерство. Направивме одлична работа креативно и филантропски. Заедно го прошетавме светот и создадовме работа која ќе трае вечно. Возбуден од она што го носи иднината. Голема чест за мене е што сум во ова одбрано друштво“, рече Дурент.

Доживотната соработка вклучува обувки и облека, а Nike и Дурент ќе продолжат да соработуваат на отворање нови терени во заедниците ширум светот преку „Фондацијата Дурент“ и програмата за развој на млади спортисти на Кевин наречена, „Тим Дурент“.

URL

Финансиските детали од договорот не се обелоденети, единствено е познато дека Дурант барем до неодамна инкасирал околу 40.000.000 долари на име спонзорски договори, според Forbes.

Двократниот НБА шампион во февруари се пресели од Бруклин во Феникс, а со Санс го елиминира Лос Анџелес Клиперс во првото коло од плеј-офот и закажа меч со Нагетс во полуфиналето на Западната конференција.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Кошарка

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Read more

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more
 

Спорт

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе