Двајца мажи во Канада по 70 години дознале дека биле сменети по раѓање во болница

Домашен комплет за тестирање на ДНК засекогаш ги промени животите на двајца Канаѓани.

Откриле дека нивните гени не се совпаѓаат со гените на семејството во кое пораснале. Имено, тие се родени во ист ден во иста болница, но биле сменети по раѓањето.

Ричард Бове, од крајбрежниот град Сешелт во Британска Колумбија, пораснал верувајќи дека е Абориџин. Но, ДНК тестот што го направи покажа дека има мешавина од украинско, ашкеназиско еврејско и полско потекло.

Отприлика во исто време, повеќе од две илјади километри подалеку, сестрата на Еди Амброуз од Винипег, Манитоба, која пораснала во украинско семејство, направила ДНК тест и открила дека таа не е поврзана со Еди. Нејзиниот биолошки брат бил Ричард Бове.

По истражувањето, откриле дека Ричард и Еди се родени во ист ден во иста болница во 1966 година. Тие биле разделени веднаш по раѓањето и секој пораснал во различно семејство.

По речиси 70 години, во четвртокот, градоначалникот на канадската провинција Манитоба, Ваб Кинев, лично им врачи официјално извинување за траумата што ја доживеаја поради размената.

„Се извинувам за постапките што со генерации погодија две деца, родители и семејства“, рече Кинев, признавајќи дека е изненадувачки што животите на двајцата мажи се преклопувале со текот на годините.

Како дете, Еди прашал една девојка од соседниот град дали ќе биде во неговиот бејзбол тим, не знаејќи дека тој всушност ја прашува неговата биолошка сестра.

Нивниот адвокат изјави за BBC дека тие живееле многу различни животи додека растеле, бидејќи Бове (68) бил дел од канадските Абориџини со мешано абориџинско и европско потекло. Неговиот татко починал кога имал три години, па набрзо ја презел одговорноста за своите помали браќа и сестри.

Во 60-тите, тој бил насилно одземен од неговото семејство, како дел од канадската политика за асимилација, сместен во згрижување или во семејство надвор од примарната заедница како домородно дете.

Во меѓувреме, Еди пораснал на фарма на село во „украинско семејство со љубов и поддршка“. На 12 години останал сирак, па едно од семејствата го посвоило. Така, тој цел живот не бил свесен за неговото потекло.

И покрај замената, Еди и Ричард се горди на тоа во какви луѓе израснале и на семејствата што ги формирале. Со откритието, како што тврдат, стекнале нови семејства.

Двајцата мажи побарале и финансиска отштета од покраината преку нивниот заеднички адвокат, но уште не се знае дали ќе ја добијат. Сепак, ова не е прв ваков случај во оваа канадска провинција, пред години се решени уште два вакви случаи.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Живот

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Раните знаци на аутизам кај децата може да се откријат дури и пред 3-годишна возраст

Read more

Што значи малиот засек на увото што го имаат многу мачки?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow
  • filter

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Читај повеќе

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Читај повеќе

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Читај повеќе
  • filter

Тоне еден од најголемите градови во светот

Читај повеќе

Намалете ги слатките: 8 знаци дека консумирате премногу шеќер

Читај повеќе

Раните знаци на аутизам кај децата може да се откријат дури и пред 3-годишна возраст

Читај повеќе

Жена родена во 1922 не можела да резервира авионски билет оти било многу одамна, па ја запишале како бебе од 2022

Читај повеќе

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Читај повеќе

Што значи малиот засек на увото што го имаат многу мачки?

Читај повеќе