Електричниот Hummer загадува повеќе од седан со бензински мотор

Електричните возила се сметаат за најчиста форма на патен транспорт. Но...

Технолошкиот развој овозможи да се зголеми ефикасноста на класичните мотори со внатрешно согорување. Се разбира, некои од овие предности се анулирани со зголемувањето на масата на возилото, особено со зголемувањето на димензиите и тенденцијата кон аеродинамички понеповолни форми како што се SUV и кросовери. На полето на електричните возила, ваквите трендови доведуваат до апсурдни резултати.

Еден таков пример е GMC Hummer EV, новото издание на Hummer со електричен погон. Тоа е огромно возило кое користи ресурси за три електрични возила.

Моќен е, но еко знакот дефинитивно не е запишан во неговиот генетски код. Тука е да ги популаризира електричните погони и во исто време да му овозможи на корисникот многу забава, особено надвор од асфалтот.

ACEEE е непрофитна истражувачка организација фокусирана на намалување на енергетскиот отпад и со тоа намалување на влијанието врз климатските промени. Според нивната студија, новиот Hummer не е толку „зелен“ како што изгледа на прв поглед.

Имено, ACEEE зема предвид дека 60 отсто од електричната енергија во САД се добива со согорување на фосилни горива. Истовремено, тие предупредуваат дека големите електрични возила имаат големи батерии, што значи употреба на бројни руди кои треба да се обработат и на крајот да произведат склопови на батерии.

Тие пресметале дека малиот електричен Chevrolet Bolt испушта 57 g CO2/km, додека Hummer 212 g CO2/km.

Според овие податоци, моќното електрично чудовиште со 1000 КС „емитува“ значително повеќе во атмосферата дури и од денешните економични седани со бензински мотор.

За утеха, да кажеме дека сепак ова е значително подобар резултат од стариот Hummer кој испуштал дури 552 g CO2/km.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Авто новости

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе