Електричниот Kia EV9 ќе пристигне на почетокот на следната година

Kia откри неколку детали од последното интензивно тестирање што го помина EV9 пред неговата светска премиера закажана за првиот квартал од 2023 година.

Целосно електричниот Kia EV9 ќе стане предводник на овој бренд и ќе направи револуција во сегментот на големите електрични теренци, а во исто време ќе ја забрза трансформацијата на Kia и ќе ја потврди нејзината водечка улога на полето на одржлива електрична мобилност.

Kia EV9 беше развиен во текот на 44 месеци за да постави нови стандарди во областа на дизајнот, перформансите, опсегот, динамиката на возење, технологијата и удобноста, а секој аспект на новиот модел е во глобалниот центар за истражување и развој (R&D) на Kia во Намјанг, Јужна Кореја турнат до границите на издржливоста.

За време на последната фаза од тестирањето EV9 беше немилосрдно подложен на напорна програма за искачување по рид со погон на четири тркала, нерамен терен и тестирање на длабоки води за да се осигура дека EV9 постигнува максимална доверливост во најсложените услови. Големата брзина, управувањето и ниското триење ги ставаат под најстрога контрола секој елемент од перформансите и однесувањето на EV9 на пат. Во исто време, безмилосните коцки по примерот на белгиските патишта им овозможуваат на инженерите на Kia да го подложат EV9 на најстрогите тестови за тестирање на удобноста при возењето и квалитетот на градбата. Покрај програмата за тестирање во центарот за истражување и развој во Намјанг, EV9, како и секој модел на Kia, беше изложен на строг режим на тестирање на најсложените локации низ светот.

Kia премиерно го претстави концептното возило EV9 на саемот AutoMobility во Лос Анџелес минатата година. Серискиот модел EV9, кој го отелотворува новиот дизајнерски јазик на брендота (Opposites United), ќе го претставува врвот на она што е можно да се направи со спортско корисно возило. Изграден на напредната електрична глобална модуларна платформа (E-GMP), Kia EV9 воведува ново доба на софистицирана, високотехнолошка и одржлива мобилност.

Лансирањето на EV9 е закажано за првиот квартал на 2023 година, кога ќе се приклучи на електричната гама на Kia со револуционерниот целосно електрични модел EV6, кој освои бројни награди, меѓу кои и најпрестижната титула Европски автомобил на годината за 2022 година.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Авто новости

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more
 

Автомобили

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе